WarWaveMKD
1.19K subscribers
1.1K photos
967 videos
2 files
59 links
Етнонационализам, историја, политика, новости.
Download Telegram
Media is too big
VIEW IN TELEGRAM
Комунистите се убедени дека можат да ги регрутираат и контролираат муслиманите за своите интернационалистички и антизападни цели, но во стварноста е обратно - тие се корисните идиоти кои служат на целите на исламистите.

(Видеото е од пропалестински протест во Скопје, од 2021 година)
🤡7😁1🤬1🤷1
"Вечерва не зборуваме за политика"

Две чаши вода подоцна:
283🥰2🕊1👍1
6👍5💅1
Овој 28 ноември по кој знае кој пат се докажа дека оваа држава не е ништо повеќе од Maqedonisë së Veriut, банана држава без правила и закони, без органи на ред и мир.

Најпрво да расчистиме: малцински заедници има секаде, а во Македонија имаме големо албанско малцинство. Во многу села и во некои градови македонските Албанци се мнозинство. Тие го имаат секое право да ги негуваат своите култура, јазик и чувството на национална припадност, а со тоа и да си ги одбележуваат своите национални празници – тој што се противи на ова создава наратив кој едноставно е неодбранлив и кој не придонесува апсолутно ништо позитивно за македонската страна.

Зошто тогаш таква одбивност кај нас Македонците во однос на прославата на вчерашната прослава?

Денот на прославата на албанското знаме во Македонија е пред сѐ демонстрација на сила врз Македонците, а потоа сѐ останато. Вчера видовме:

- Сквернавење на македонските државни и национални обележја;
- Безброј прекршувања на законот за употреба на знамиња;
- Јавни истакнувања на иредентистички знамиња со мапа на Голема Албанија;
- Јавни истакнувања на знамиња на терористичката организација УЧК (вклучително и во училишта);
- Блокирање на градски улици со автомобилски конвои – меѓу другото и во делови во кои нема никакво албанско население и со единствена цел провокација на Македонците (забележани се и пукотници од огнено оружје);
- Оштетување на приватни возила во улици со доминантно македонско население (конкретно и докажано барем во Куманово)
- и ред други антимакедонски провокации.

Вреди да се напомене дека полицијата во ниту еден град и во ниту еден момент не интервенираше и не се ни обиде да воведе ред. Притоа, во сите градови со големо или доминантно албанско население имаше свечени прослави организирани официјално од локалните власти, а сепак антимакедонскиот сентимент беше присутен во сите од тие градови – тоа значи дека тој сентимент не е никаков израз не пркос или отпор против некаква дискриминација од страна на државните власти (кои директно учествуваат во финансирањето и организирањето на албанските прослави), туку просто и едноставно е неиспровоциран израз на омраза кон македонската држава и македонскиот народ.

Што треба да се направи во врска со ова?
Најпрво, тоа што не треба да се прави е плукање и обвинување на Албанците, или пак молење да си го подобрат однесувањето. Тие си знаат што прават и го прават тоа што им е дозволено од властите. Барање одговори од нивна страна е залуден обид за наоѓање на разумно решение – нешто пробано безброј пати и безброј пати докажано дека не вродува со плод.

Соживотот е МРТОВ – секој кој ве убедува во спротивното ВЕ ЛАЖЕ. Секој со очи гледа дека си имаме работа со генерации на Албанци задоени со омраза кон сѐ што е македонско - дополнителна македонска кроткост само ќе допринесе за поттикнување на провокациите и агресијата врз Македонците. За да се дојде до некакво решение прво треба да се прифати таа стварност и од таа точка да се тргне во потрага по решение.

Во отсуство на било каква поддршка од државните органи и незаинтересираност за справување со овој проблем, останува само една опција. Запрашајте се самите:

- Дали албанските иредентисти и провокатори ќе ја блокираа „Партизанска“ и палеа македонски знамиња во центарот на Скопје, доколку ние Македонците самоорганизирано ги блокиравме мостовите на р. Вардар?

- Дали албанските провокатори ќе оштетуваа приватна сопственост на Македонци, доколку Македонци ги блокираа доминантно македонските делови во градовите со малцинско или мнозинско албанско присуство?
-
- Дали владиниот кабинет и македонските министри ќе бидат неми набљудувачи на анархијата, доколку се свесни дека нивната пасивност ќе предизвика двојно посилна реакција кај Македонците?

Во такви хипотетички ситуации, самата полиција ќе биде приморана да реагира и да ги спроведува државните закони, за да одржи ред и да спречи ескалација. Самите Албанци, доколку знаат нивното дивјаштво ќе наиде на реакција, ќе мораат да размислат два пати пред да провоцираат во македонски средини.
👍151👏1😡1
Знајте дека тука не се работи само за провокации со знамиња, туку станува збор за многу поширок проблем - нашиот молк е амин за заробеништвото на оваа држава од страна на нецивилизирани варвари и мафијаши кои ги уништуваат сите институции и органи кои ќе ги допрат. Но сѐ зависи од нашата волја и колку сме подготвени да предизвикаме промена.
👍241👏1
😢2
По 13 години војна во Сирија, на 8 декември 2024 г. бунтовничките сили го зазедоа главниот град Дамаск по десетдневна офанзива. Со ова беше ставен крај на 53 годишната власт на фамилијата ал Асад, а претседателот Башар ал Асад побегна во Русија. Како се дојде до оваа брза и драматична промена на состојбата во Сирија?

Од 2020 г. во Сирија немаше големи офанзивни операции, а борбите беа локализирани. Пред да се влезе во причините и објаснувањата, ова е хронолошкиот редослед на настаните од самата офанзива:
- 27.11: Почеток на бунтовничката офанзива во покраината Алепо.
- 30.11: Падот на Алепо, вториот најголем град во Сирија, за прв пат под бунтовничка контрола по 2016 година.
- 05.12: Падот на Хама.
- 06.12: Падот на Дара и Сувајда; Деир ез Зор заземен од СДС (курдските сили).
- 07.12: Падот на Палмира.
- 07/08.12: Падот на Хомс.
- 08.12: Падот на Дамаск – соборена владата на Асад.

Истовремено, Израел изврши инвазија врз и преку тампон зоната кај Голанската Висорамнина и бомбардираше воени складишта на сириската армија за да спречи нивно преземање од бунтовниците, додека САД започна со нови напади врз позиции на ИСИС за да спречи евентуален нов подем на оваа група.

Треба да се напомене дека сириската армија практично не пружи отпор и бунтовничкиот поход мина со минимален број на загуби. Но кои се бунтовниците? Станува збор за повеќе различни организации кои често водат меѓусебни борби, но успеаа барем привремено да ги здружат силите за заедничка офанзива. Предводник е исламистичката Хајат Тахрир ал Шам (ХТШ), создадена од структурите на поранешната Ал Нусра, која пак беше сирискиот огранок на Ал Каеда – оваа организација е најголема и најдобро организирана помеѓу бунтовниците, а меѓу другите се истакнуваат СНА (Сириска национална армија, под турско покровителство), НСА (Нова сириска армија, под покровителство на САД) и Штабот за операции на југ.

Со падот на владата, се очекува формирање на нова влада – процес кој може да биде проблематичен со оглед на постоењето на повеќе различни бунтовнички фракции. Како фаворит се смета Абу Мухамад ал Џулани, водачот на ХТШ, кој по освојувањето на Дамаск од Умајадската џамија прогласи „победа за целата исламска нација“.

Зошто владата на Асад не успеа да пружи ефективен отпор?

Пред сè, власта беше лишена од помошта на своите сојузници: Русија е фокусирана на Украина, Иран е фокусиран на Израел, а Хезболах во октомври повлече голем дел од силите стационирани во Сирија за да ги насочи на фронтот во Либан каде што Израел започна копнена инвазија на 1 октомври. Ова е важно бидејќи сириската влада успеа да преживее уште во раните фази на војната единствено поради сојузничката помош. Треба да спомене и дека иранската страна откри дека Сирија била предупредена два месеци порано за опасност од бунтовничка офанзива, но ова предупредување не било сериозно разгледано од Сирија.

Сириската армија беше во лоша состојба по затишјето од 2020 г.: затишјето не беше искористено за зацврстување и укрепување на одбранбените позиции, a војската беше слабо платена и во голем дел составена од мобилизирани и демотивирани млади војници без соодветнo борбено искуство, од кои многумина со поткуп на командантите си обезбедувале излез и ја минувале службата дома. Ваквата состојба дополнително ги поколеба и одврати сојузниците од намерата да вложат поголем напор за помош на неспособната армија, особено по скоро непостоечката сириска реакција на падот на Алепо.

Корупција и демотивација: лошото управување и алчноста на владини и локални функционери, честото претпочитање на верност пред способност при назначување на воени и владини позиции, лошата економска состојба како резултат на воената деструкција, изнемоштеност и отсуството на било какво нормализирање или подобрување на животот – ова се дел од причините кои доведоа до безнадежност кај голем дел од населението, намалена поддршка за власта и неволност за понатамошна борба.
Дополнително, Сирија е одговорна за 80% од светското производство на дрогата Каптагон (Фенитилин), а власта беше директно вклучена во нејзиниот извоз кој претставува голем извор на приходи – ова неизбежно доведе до зголемување на корупцијата.

За крај, треба да се спомене и за геополитичкиот фактор: Турција е можеби главниот „виновник“ за падот на Асад, бидејќи таа е одговорна за зајакнувањето и модерната опрема на бунтовниците од северниот дел; покрај повременото непријателство со ХТШ, се верува дека Турција дала амин за офанзивата. Инаку, една од главните цели на Турција е враќањето (ако треба и присилно) на сириските имигранти во државата, но преговорите за ова беа неуспешни бидејќи Асад одбиваше сериозен дијалог пред Турција да го исполни неговото барање за повлекувањето на сите турски сили од Сирија, а таквиот непомирлив став на Асад се покажа како грешка. Другата турска главна цел е сузбивањето на курдските сили, а веќе се забележани нови пресметки помеѓу СНА (под турско покровителство) и курдските сили.

Во целата ситуација најголем губитник е Иран, кој вложи премногу и на крајот загуби сè – сите сириски бунтовнички сили се настроени против Иран и проиранските шиитски милиции во регионот, а Израел (главниот ирански непријател) штотуку се ослободи од опасноста од иранското присуство во Сирија и ова ќе влијае позитивно на израелскиот воен напор против Хамас и Хезболах, кои сега се отсечени од директна врска со Иран преку Сирија и Ирак.

Ова е и голем пораз за Русија. Таа ќе ја загуби поморската база во Тартус, која е единствената официјална руска поморска база во странство и која со директен излез на Медитеранското Море служи како главен логистички центар за руски пратки кон Либија и Африка – со ова значително ќе се ослабе рускиот напор за проширување на своето сè посилно влијание во Африка. Удар претрпува и рускиот углед, бидејќи неуспехот да ја задржи власта на Асад (како и неуспехот на руските миротворци во Нагорно Карабах во 2023 г.) е показател за слабоста на нејзините безбедносни гаранции за сегашните и потенцијалните сојузници.

На местото на Иран и Русија, сега доминантното надворешно влијание во Сирија преминува кај Турција, САД и Израел – моментално сите овие имаат директно воено присуство во државата.
🎉1🥴1
😢2🔥1
🫡1
Покрај постоењето на различни календари во различни култури, универзално се смета дека живееме во 2024 година од нашата ера и сме во исчекување на 2025 година. Најголемот дел од луѓето знаат дека појдовната точка за сметањето на времето од и пред нашата ера е раѓањето на Исус Христос, но кога започнало таквото броење на годините?

Новиот начин на сметање на времето прв пат бил претставен во годината која денес ја нарекуваме 525 oд нашата ера, кога монахот Дионисиј Мали (Dionysius Exiguus), работејќи на табела за пресметување на датумите на кои се паѓа Велигден, решил да го замени претходниот систем на сметање на годините кој се засновал на Ерата на Диоклецијан - anno Diocletiani (нарекувана Ерата на мачениците - anno Martyrium од христијаните) бидејќи не сакал да го одржува поменот на император кој ги прогонувал христијаните. Во старата табела која ја дополнувал биле означени датумите на Велигден до 247 година од Ерата на мачениците (односно 247 години од почетокот на владеењето на Диоклецијан), а Дионисиј годината по неа ја запишал како 532 година од Воплотувањето на Христос.

Сметањето на времето на овој начин започнало да се шири низ Европа во 8 век, почнувајќи од неговата употреба од англискиот монах Беда Преподобниот кој во својата книга „Црковна историја на англискиот народ“ го употребувал изразот anno Domini („во годината на Господа“ или „лето Господово“), или во целост anno Domini nostri Jesu Christi („годината на нашиот Господ Исус Христос), а во континентална Европа системот бил употребуван од англискиот духовник и учител Алкуин (инаку ученик на Беда) кој учителствувал во дворецот на франкискиот цар Карло Велики. Употребата од Карло Велики и неговите наследници го рашириле овој систем низ Франкиското Царство, а со тоа и низ голем дел од Европа и католичкиот свет, стекнувајќи се со засилена употреба помеѓу 11 и 14 век – последната западноевропска држава која го прифатила била Португалија во 1422 г.

Кај православните доминирал византискиот календар (кој го сметал времето од „создавањето на светот“ - Anno Mundi – со почеток од 5509 г. п.н.е.), а преминот кон новиот систем започнал со неговото прифаќање од страна на Русија во 1700 г.

Не е целосно разјаснето како Дионисиј ја пресметал годината на раѓање на Христос. Во Евангелието е запишано дека Христос бил покрстен во р. Јордан во петнаесетата година од власта на императорот Тибериј (Лука 3:1 и Матеј 2:16), односно околу 29 г. н.е., а Тој тогаш бил на возраст од околу 30 години (Лука 3:23). Дионисиј најверојатно одземал 30 години од споменатата петнаесета година од власта на Тибериј и така стигнал до својата пресметка, без конкретно да запише која година бил роден Христос, или дали Воплотувањето на кое се повикал се однесува на зачнувањето или раѓањето на Христос, бидејќи јасна разлика помеѓу двете се појавила во 9 век.

Сепак, оваа пресметка е проблематична бидејќи според Евангелието по Јован знаеме дека мисијата на Христос траела три години, па оттаму и претпоставката дека Христос имал 32 или 33 години кога бил распнат на крстот, а истовремено од Лука е запишано дека Христос се родил во времето на кралот Ирод Велики за кој мнозинството историчари се согласуваат дека починал во 4 г. п.н.е., што би го сместило распнувањето во 29 г. н.е.

Лаврентиј Суслига, полски историчар и езуит, бил првиот кој во 1605 г. ја претставил тезата дека Христос бил роден пред 1 г. н.е. и 1 г. п.н.е. според системот воспоставен од Дионисиј, а посочил дека бил роден во 4 г. п.н.е. или пред тоа. Денес најголемиот дел од историчарите се согласуваат дека најверојатно Христос бил роден помеѓу 6 и 4 г. п.н.е. (воглавно врз основа на годината на смрт на Ирод и тоа што тој ја наредил смртта на сите деца под двегодишна возраст), додека воглавно теориите како можна година на раѓање на Христос го опфаќаат периодот помеѓу 6 г. п.н.е. и 1 г.н.е.

Во контекст на нашата христијанска вера, дали Христос се родил во 4 г. п.н.е. или 1 п.н.е., или дали имал 30 или 33 години кога бил распнат, е прашање со мало и споредно значење во однос на тоа што Христос го постигнал и тоа што го претставува за нас.
👍3🎉1
Во Беседата на гората, Исус го поучува народот: „А Јас ви велам: не противете му се на злиот. Ако некој те удри по дес­ниот образ, заврти му го и другиот.“ (Матеј 5:39) Овој стих е еден од најпогрешно толкуваните од денешните христијани, бидејќи се зема во крајно буквалистички облик.

Шамарот не мора да значи физички удар, бидејќи и во секојдневниот говор знаеме да кажеме „како шамар да ми удри“ во смисла на неочекувана навреда и понижување. Кога Исус вели при шамар да го свртиме и другиот образ, мисли на повеќе нешта: да не враќаме на навреди со навреда, да не бидеме одмаздољубиви, да не бидеме злопамтила, да знаеме да простиме и некогаш да премолчиме.

Тоа што поуката за вртење на другиот образ НЕ ЗНАЧИ е при буквално физичко насилство да не се браниме и да дозволиме да бидеме осакатени или убиени, или при насилство и неправда врз некој друг да го свртиме погледот на другата страна. Поуката на Исус е насочена против одмаздничкиот дух, а не против самоодбраната.

Дали можете да замислите дека Исус со својата поука имал при ум дека силуваните не треба да се одбранат доколку можат и по чинот треба да кажат „можам и пак“, или кога некој влегува во вашиот дом и го убива вашето дете, да кажете „имам и друго“ и да го принесете и тоа да биде убиено?

Во Стариот и особено во Новиот Завет имаме многу поуки кои упатуваат на мир и љубов, но имаме и поуки кои ги осудуваат пасивноста пред злото и молкот пред неправдата. Врз тие основи се признава и правична војна, односно во одредени случаи и војна е морално оправдана како неопходно средство за одбрана, заштита на невините и на праведноста.

Бог сака да имаме самоконтрола, да се помируваме и да не бидеме исполнети со омраза - а не да страдаме без причина, не да бидеме кукавично пасивни, не да толерираме зло; бидејќи толеранција кон злото е многу работи, но е најмалку христијанска одлика.
12
121💯1
🗿1
Шведска е една од најбогатите и најразвиени држави во светот, со просечен животен век од 82 години. Во минатиот век таа развила опсежен систем за социјална помош, а таквиот систем – очекувано – се заснова на големите даноци: во 1950 г. данокот бил 21%, а во 1995 г. достигнал 52%. Шведското опшество развило визија за Шведска како инклузивно и рамноправно семејство – визија која непромислено ги опфатила и имигрантите, кои започнале да ја гледаат како примамлива дестинација и да ги користат нејзините лабави имиграциски закони.

Во 1987 г. 3% од населението во Шведска биле имигранти кои дошле надвор од ЕУ, во 2013 г. 12%, за денес 26% од населението да е од туѓо потекло. Првенствено до 1970 г. имигрантите во Шведска биле работливи луѓе кои помагале во развојот на економијата, но подоцна започнале да пристигнуваат бегалци од Ирак, Иран, Југославија и др., за по почетокот на сириската криза во 2010-тите да бидат ширум отворени портите за бегалци и имигранти од Африка и Азија.

Една деценија шведските власти негираа дека нешто е труло во државата. Снимките од анархија низ градовите, вестите за силувачки и улични банди, за зони недостапни за органите на редот, беа дискредитирани како нацистичка пропаганда, а сите критичари на имиграцијата етикетирани како расисти и исламофоби.

Откако штетата веќе беше сторена, во 2022 г. шведската премиерка Магдалена Андерсон призна дека политиката на интеграција на имигрантите не успеала: дека по улиците се водат гангстерски војни и дека имиграцијата довела до создавање на паралелни општества со самоволна сегрегација. Сегашниот премиер Улф Кристерсон исто така изјави дека „ова е тешко време за Шведска“ и дека „ниту една друга земја во Европа не се соочува со вакво нешто“ (а тоа говори многу со оглед на тоа што цела Западна Европа води проимиграциска политика).

Некогаш Шведска имаше најмала стапка на насилство со огнено оружје во Европа. Денес е на второ место, а во Стокхолм таквото насилство е 30 пати побројно од тоа во Лондон. Опасноста од терористички напади во Шведска стана реалност само по зголемувањето на бројот на имигранти од Блискиот Исток.

Од милионите имигранти кои пристигнаа во Шведска (денес со вкупно 10 милиони жители) голем дел се невработени и се 8 пати позависни од социјална помош во споредба со Швеѓаните. Тие воглавно живеат во посиромашни населби и тешко се интегрираат во шведското општество поради нивната огромна бројност која им овозможува да се групираат, да се затворат во етнички гета без допир со шведската култура или јазик и општо со остатокот од шведското општество, за потоа новите места на живеење да ги трансформираат да наликуваат повеќе на местата од каде што потекнуваат.
Озлогласените имигрантски улични банди практично владеат во овие самосегрегирани гета, од каде што ги регрутираат своите нови членови.

Ова се факти кои не можат да бидат негирани – самата држава, предводничка во полето на примање на имигранти, го призна неуспехот на нејзината политика. Дури и покрај тоа, шведските власти сè уште како главна безбедносна закана ги израмнуваат имигрантските банди, исламскиот тероризам и секако „крајната десница“, иако допрва треба да видиме крајнодесничарски улични и силувачки банди, сегрегирани гета и терористички групи. Во изминатите две години државата се обидува да ги зацврсти имиграциските закони, но можеби е веќе предоцна.

Значи, што се случува кога неконтролирано и неограничено се примаат милиони имигранти од сосема туѓо потекло, со туѓа култура и светоглед неприлагоден на европскиот? Се случува хаос, анархија и распад на општеството. Шведска е одличен пример за успешна и развиена држава која си ги расече вените како резултат на неолибералниот фанатизам и „прогресивната“ наивност. Можеби крвавењето е предоцна да биде сопрено, но другите можат да извлечат поука.
8👍2