Општина Куманово
14 subscribers
1.29K photos
3 videos
20 links
Официјален канал на Општина Куманово. www.kumanovo.gov.mk
Download Telegram
Програма на културни манифестации на Фондација за култура и спорт при општина Куманово за месец август 2024 година
Пожари во Кумановско

Денеска градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски заедно со командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово  Деан Илиевски и пратеникот Даниел Стојчевски беа во село Кокошиње, кое втор ден е зафатено со пожар.
Екипите на ТППЕ Куманово се на терен и деноноќно работат на гаснење на пожарите, во соработка со месното население.
Во текот на вчерашниот ден имаше 11 активни пожари, од кои 10 се изгаснати, а денеска има 2 нови и активни. Исто така имаше повеќе интервенции на пожари од помали размери: во населбата Перо Чичо, Спомен костурница Зебрњак, селото Никуштак, во близина на филтер станицата.
Денеска Центарот за управување со кризи најави воздушна поддршка во гаснење на пожарот во најзагрозеното место во областа на село Кокошиње.
Продолжува реализација на мерката – остварување на право на народна кујна
Општина Куманово продолжува со реализација на мерката – остварување на право на народна кујна за ранливи категории на граѓани, согласно со надлежностите во Програмата за социјална заштита на Сектор за култура, спорт,социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита. Покрај оствареното право на користење на оброк на вкупно 73 граѓани, од утре бројката на корисници ќе биде зголемена и ќе изнесува 105 граѓани.За сите подносители на Барања кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, ќе биде истакнато известување во просториите на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“- Куманово.Јавниот повик за остварување на право на народна кујна продолжува и ќе трае до крајот на 2024 година.
Денеска градоначалникот Максим Димитриевски и овластениот раководител на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски, на претставници на здруженија им доделија договори за финансиска поддршка. Согласно програмата за развој на социјална заштита, а по одржан јавен повик, финансиска поддршка добија пет здруженија, кои вршат работи од социјална заштита. Средствата се наменети за реализација на нивните проекти, преку кои ќе бидат воспоставени социјални услуги бесплатни за одредени категории на граѓани.
50 – та Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“ Денеска во комплексот Етно село „Тимчевски“ започна јубилејната 50 – та Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“. Традиционалната Колонија е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерство за култура и туризам на РСМ, во организација на НУ Музеј – Куманово и Фондација за култура и спорт. Оваа ликовна манифестација спаѓа во редот на најстарите во државава, бележејќи континуирана активност.

На ова издание ќе учествуваат 11 ликовни уметници од повеќе земји во регионов: Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Македонија. Ликовната колонија ќе заврши на 13 август, со изложба на новосоздадената продукција.
1