🇺🇸⚔️🇮🇷 Четири танкери кои се дел од иранската "флота во сенка" се нападнати и онеспособени од американските сили во близина на иранскиот регион Јас, и истите се прикажани на сателитски снимки од аналитичарот на GEOINT, EGYOSINT.
Еден танкер се гледа како гори, а регистрирани се и обемни излевања на нафта, вклучително и протекување од два танкера. Друго излевање на нафта е откриено на приближно 7,4 километри од местото на прикотвување.
Корпусот на стражари на исламската револуција издаде соопштение во кое што тврди дека при секој нов напад врз танкерите поврзани со Иран, Иран ќе изврши ракетни напади врз американските воени објекти ширум Блискиот Исток.

This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Либански Хезболах објави видео од напад со FPV дронови, прво врз лансер од израелскиот ПВО систем „Железна купола“, а потоа врз група израелски војници кои ги евакуираат оштетениот и соседниот лансер на „Железна купола“ од заштитените позиции.
👍2
На 7-ми мај пред 205 години, една од најистакнатите воени и политички личности во историјата на човештвото, Наполеон Бонапарта, ги затвори очите засекогаш. Несомнено суперталентиран и суперенергичен човек, Бонапарта од сиромашен артилериски поручник од Бога заборавената Корзика се претвори во најмоќниот човек во Европа.
Импресивен е трнливиот пат кон звездите на Наполен, од обичен артилериски офицер до император на Франција, од кого се тресела цела Европа, за на крајот неговата Звезда брзо да згасне и да умре отруен во прогонство на скалест остров. Окружен од своите верни гардисти секогаш бил на полето на битките помеѓу своите војници и офицери, кои биле спремни на се за својот Император. Со своите наредби тој фрлал десетици илјади војници во огинот на битките ширум Европа, од битките кај Улм, Аустерлиц, Јена, Бородино, до Битката на Народите (Лајпциг) и Ватерло. Воен гениј кој кој со својата воена дрскост ја променил стратегијата и тактиката на војување во Европа, но и историјата на Европа. Тој ја вовел на практика тактиката на воени колони кои маневрираат за да го победат непријателот, а не на директни воени судири како што било претходно.
Неговите административни и финансиски реформи исто така имале голем удел во развојот на Западна Европа и имаат и до ден денес. Со сите свои таленти, Наполеон бил страствен, импулсивен, човек од акција кој претерано верувал во својата ѕвезда, успеал за неколку години да изгуби се и да заврши на далечен скалест остров во Атлантскиот Океан, каде што ги заврши своите денови во меланхолија и очај.
Без разлика како ја оценувате фигурата на Наполеон, невозможно е да се негира неговиот потенцијал, неговото влијание и неговиот белег врз европската историја. Наполеон ја направи историјата на својата ера толку интересна за проучување за сите нас денес.

👍1
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
🇷🇴🇮🇱 Романија добива израелски беспилотни летала
Тактичкото беспилотно летало (БЛВ) „Watchkeeper XR“ од израелскиот производител на оружје „Elbit Systems“ го заврши својот прв лет во Романија.
„Elbit“ го отвори и својот прв објект во Романија со локална линија за целосно склопување на беспилотни летала, означувајќи нова пресвртница во развојот на билатералните односи за оружје меѓу Романија и Израел.
„Watchkeeper XR“ е модерно тактичко беспилотно летало дизајнирано за извиднички мисии на средна надморска височина.
Неодамна Романија купи и ПВО системи Spyder од Израел за околу 2 милијарди евра.

Доналд Трамп ќе ја посети НР Кина од 13 до 15 мај
Ова го објави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на редовниот брифинг. Според дипломатот, кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп ќе имаат длабинска размена на мислења за клучните прашања во билатералните односи, како и ќе разговараат за глобалниот мир и развој.
Портпаролот на министерството нагласи дека Пекинг е подготвен да соработува со Вашингтон во духот на еднаквост, почитување и взаемна корист за проширување на соработката, решавање на разликите и обезбедување поголема стабилност и сигурност во еден турбулентен и променлив свет.
Настрана од дипломатскиот речник и економските договори, главното прашање на средбата Си Џинпинг-Трамп нема да биде Тајван, Иран, конфликтот во Украина, економијата, санкциите или технолошката војна, моменталната ситуација и судирот помеѓу НР Кина и САД повеќе не можат да се променат. Клучните прашања на преговорите во Пекинг ќе се вртат околу тоа конфронтацијата да се одвива во строго утврдени граници без ескалации, и пред се околу протоколот, или, поточно, влијанието на средбата врз домашната политика. НР Кина го игра сценариото „Кина победува, САД се принудени да преговараат“, додека САД го играат спротивното, односно Трамп ќе објави за уште „еден одличен договор“.
Трамп се соочува со пад на рејтингот, заглавен е со војната во Иран и со изборите за Конгресот во ноември 2026 година, додека Си Џинпинг се соочува со „првата рунда“ на обликување на изборната агенда на 21-от Конгрес кон крајот на 2027 година, на кој Конгрес Си треба да биде реизбран за кормилар на НР Кина.
Влијанието на исходот од преговорите врз светската и регионалната агенда во југоисточна Азија ќе биде минимално. Пред посетата на Трамп на Пекинг, САД воведоа нови санкции против НР Кина и на тој начин преговорите ќе поминат во тензична атмосфера. Општите трендови во односите помеѓу НР Кина и САД се негативни, и нема предуслови за нивна промена во блиска иднина. Ќе бидат потпишани голем број на економски и трговски договори кои се корисни и за двете страни, но суштински и стратешки тие не ја менуваат динамиката на кинеско-американските односи. Трговската размена паѓа, ќе продолжи глобалната конференција, пред се како резултат на надворешната и воената политика на САД која отворено е насочена против НР Кина.
На глобално ниво, ќе продолжи создавањето на два независни технолошки екосистеми, и два различни економски системи и концепти.
Американскиот концепт „Америка пред се“ и кинескиот концепт „

заедница со споделена иднина за човештвото", и овие два концепта ќе ја обликуваат глобалната геополитика во наредните децении.Нападите на американската војска врз цели во Иран и дадоа на НР Кина невидена можност да собира разузнавачки информации во реално време. Констелацијата на орбиталните сателити за далечинско набљудување „Џилин-1“, која опфаќа над 300 сателити, континуирано ја следи ситуацијата, бележејќи секој детаљ - од фазите на подготовка на оружјето, борбените авиони се до траекторијата на летот на лансираните ракети.
Всушност, НР Кина создава огромна аналитичка база на податоци заснована на практичната примена на американската воена доктрина. Таа вклучува оперативни параметри како што се времетраењето на логистичките процедури (на пример, полнење гориво на авионите) и алгоритмите за одговор на системите за воздушна одбрана.
Аналитичарите забележуваат дека ваквите информации би можеле да им обезбедат на кинеските одбранбени истражувања и развој стратешка предност, чии ефекти би можеле да траат со децении. Секоја тактичка операција на САД е предмет на прецизно проучување и распаѓање за последователна анализа.
Клучно е што серијата сателити за далечинско набљудување „Џилин-1“ се одликува со широк спектар на варијанти, вклучувајќи SP видео сателити со резолуција од 0,92–1,2 m, мултиспектрални оптичко-електронски извиднички сателити „Џилин-1 GF“ со резолуција од 0,5 m (кои работат во видливиот и инфрацрвениот опсег), сателити за извидување со радар за сите временски услови „Џилин-1 SAR“ со резолуција од 0,5 m (кои работат во X-опсегот) и сателити за инфрацрвено извидување „Џилин-1 Hongwai“ (кои работат во средните и долгите инфрацрвени опсези).

Одбрана и Безбедност
Нападите на американската војска врз цели во Иран и дадоа на НР Кина невидена можност да собира разузнавачки информации во реално време. Констелацијата на орбиталните сателити за далечинско набљудување „Џилин-1“, која опфаќа над 300 сателити, континуирано…
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Генерал-потполковник на американскиот морнарички корпус, Стивен Скленка, изјави дека НР Кина веќе претставува полноправен стратешки противник на Вашингтон, натпреварувајќи се во сите клучни метрики на борбената способност.
Во неговата проценка, раководството на НР Кина - предводено од Си Џинпинг - ја гледа задачата за промена на глобалната рамнотежа на моќ и поместување на САД од нивната лидерска позиција како примарна цел, потпирајќи се на брзорастечката индустриска и воена база за да го стори тоа.
Во центарот на неговиот аргумент е самиот обем на градење капацитети на Кина, вклучително и забрзаното проширување на нејзината поморска флота, ракетните сили и нуклеарниот арсенал, како и активната интеграција на беспилотни системи и вештачка интелигенција во нејзините воени доктрини.
Тој посебно нагласува дека бродоградбената индустрија и обемот на производство на оружје во Кина веќе ги надминуваат американските бројки со значителна разлика, додека темпото на нејзината модернизација му овозможува на Пекинг да се подготви за продолжен конфликт со висок интензитет.
Генералот прави паралели со кампањите на Блискиот Исток, забележувајќи дека дури и послабите противници (алудирајќи на Иран) се способни да нанесат штета на американските бази преку ракетни напади и напади со беспилотни летала - реалност што ги прави самите воени бази ранлив елемент на модерното војување.
Ова води до централниот фокус на неговото обраќање: доктринарна промена во начинот на кој се перцепираат базите - оддалечувајќи се од нивно гледање само како административни објекти и кон нивно сметање како полноправни борбени јазли кои мора да бидат подготвени да издржат напади дури и пред официјално да започне конфликтот.
Тој конкретно ја истакнува заканата што ја претставуваат не само кинетичките напади, туку и сајбер операциите, саботажите против енергетските мрежи, кампањите за информациско војување и масовното распоредување беспилотни летала против критичната инфраструктура.

Турција започна со сериско производство на еквивалент на GBU-39.
Турската компанија „Aselsan“ го објави почетокот на производството на паметните прецизни бомби TOLUN. Видеото ја прикажува првата серија и бомбите што ги користат борбените авиони F-16. Овие бомби можат да ги користат и тешки беспилотни летала Akinci.
Муницијата TOLUN вклучува неколку модификации: TOLUN-P, TOLUN-F, TOLUN-IIR, TOLUN-S и најновата TOLUN-EW, кои се разликуваат по нивните боеви глави и насочување.
Толун е директен аналог на американската GBU-39. Турската бомба тежи приближно 130 кг, има распон на крилјата од 1,5 метри и е долга не повеќе од 2 метри, и некои модификации имаат домет до 100 + км. Некои модификации на Tolun можат да бидат опремени со глави за нишанење.
Овие компактни бомби овозможуваат еден F-16 да носи 8 бомби Tolun, а тоа значи дека можат да бидат погодени 8 различни цели.

Во последните денови, иранските државни медиуми објавија серија статии во кои алудираат на интернет каблите што минуваат по дното на Ормутскиот теснец како потенцијална цел.
Треба да се разбере дека ова е првенствено средство за вршење притисок врз Обединетите Арапски Емирати, кои се позиционираат како глобален финансиски центар и центар за технологијата со вештачка интелигенција, и Катар.
За разлика од каблите што минуваат низ теснецот Баб ел-Мандеб до Индија и понатаму до Југоисточна Азија, кои се под закана од јеменските Хути, каблите што минуваат низ Хормуз се повеќе регионални.
Во меѓувреме, Саудиска Арабија има добро развиена мрежа на копнени кабли.
ОАЕ, Катар и Бахреин би биле главните жртви на оштетување на интернет каблите што минуваат низ Хормуз. ОАЕ имаат врска со копнената инфраструктура на Саудиска Арабија, но оваа врска „не е целосна замена“ за подморските системи и не е способна да го апсорбира целиот меѓународен сообраќај на ОАЕ во случај на сериозно прекинување на каблите во Ормутскиот теснец. ОАЕ моментално промовираат шест различни проекти за намалување на нивната зависност од Ормутскиот теснец, но нивниот оперативен временски рок е помеѓу 1,5 и 5 години.
Бахреин има една копнена врска со инфраструктурата на Саудиска Арабија.
Сепак, влијанието на оштетувањето на каблите од Ормутскиот теснец врз глобалната интернет инфраструктура би било исклучително ограничено.

САД го отстранија целиот збогатен ураниум од Венецуела.
Операцијата за отстранување на 13,5 кг збогатен ураниум од Венецуела беше спроведена по заробувањето на Мадуро, заедно со Велика Британија и Венецуела, од 18 до 29 април.
Радиоактивните материјали беа складирани во стариот истражувачки реактор RV-1 на Венецуелскиот научно-истражувачки институт (IVIC).
Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) објави дека ураниумот бил „безбеден и сигурен транспортиран по копно и море од Јужна Америка до Северна Америка во сложена и чувствителна операција“.
Материјалот беше отстранет од објект лоциран на приближно 15 км од главниот град на Венецуела, Каракас, а потоа доставен до објект на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина.

Американската морнарица денес на линијата на американската блокада го врати назад танкерот „Agios Fanourios I“, кој му припаѓа на грчкиот оператор „Eastern Mediterranean Maritime“.
Тој носел ирачка нафта за Виетнам и имал дозвола од Иран да помине низ Ормускиот теснец.
Интересно е дали ова било затоа што Eastern Mediterranean Maritime им платиле на Иранците за премин низ Ормускиот теснец или Американците се сомневаат дека танкерот бил делумно натоварен со иранска нафта заедно со ирачка нафта?

Трамп го чекаат "успешни преговори" во Пекинг
Вчера, во пресрет на посетата на Трамп на Пекинг, САД санкционира компании поврзани со испораки на иранска нафта во Кина.
Во понеделник, владата на САД воведе санкции врз три лица и девет компании, вклучувајќи четири со седиште во Хонг Конг, четири во ОАЕ и една во Оман, за поддршка на испораки на иранска нафта во Кина.Според Министерството за финансии, Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) е насочена кон поединци и субјекти обвинети за помагање на Корпусот на стражари на исламската револуција на Иран во продажба и транспорт на иранска нафта во Кина преку мрежа на фиктивни компании.
Одделно, Стејт департментот објави награда до 15 милиони долари за информации што довеле до нарушување на финансиското работење на Корпусот на стражари на исламската револуција и нејзините подружници.

Не можете да погодите носач на авиони со „обична балистичка ракета“ во отворено море или океан
Воените бродови на море кои маневрираат можат да бидат погодени од специјални противбродски ракети со активна радарска глава за насочување, односно со мини-радар и камера во предниот дел кој емитува радио сигнал и е воден од сигнал рефлектиран од целта.
Обични балистички ракети кои не се противбродски ракети и немаат радарска глава за насочување не можат да погодат цел во отворено море која се движи и маневрира. Обичните балистички ракети се наведуваат (коригираат) со помош на координати добиени од сателитите, односно се дизајнирани да уништуваат стационарни цели чии координати се прецизно познати и не се менуваат. Тие координати се внесуваат во ракетите пред нивното лансирање.
А носачот на авиони има можност да се движи и да маневрира (брзина од 55 км на час). За пронаоѓање на ударните групи и носачите на авиони и нивно означување за истите да бидат нападнати со ракети во огромните океани и мориња, постојат специјални авиони и беспилотни летала, поморски беспилотни летала кои можат да патролираат во зоната за пребарување со часови. Или специјализирани разузнавачки бродови со моќни радари и сензори.
Во мирно време, авионот и беспилотното летало може да се приближи до носач на авиони, па дури и да прелета над него. Во време на војна, никој нема да ви дозволи да се приближите до носач на авиони најмалку 500 километри: носачите на авиони се придружувани од крстарици, разорувачи кои го штитат носачот и создаваат ПВО зона во радиус од стотици километри, борбени авиони на носачите на авиони. И нема да можете да забележите и лоцирате носач на авиони од далеку, особено ако има огромни танкери и контејнерски бродови што пловат по море.
Сателит? Но, за жал, информациите од сателитите за набљудување на Земјата не се пренесуваат во реално време до авионите и до копнените ракетни системи. Тие ќе одат до командниот центар и точката за собирање, каде што ќе треба да се обработуваат, да се пренесуваат до командната станица, а оттаму до ракетната единица или до пилотот на авионот. Во тоа време, тие ќе станат безнадежно застарени, бидејќи носачот и ударната група за тоа време ќе бидат веќе во друга зона (во реалноста, се функционира уште покомплицирано).
Дури и ако се лансираат балистички ракети кон носачот на авиони, се поставува прашањето: кој ќе го лоцира носачот и ќе ги насочува ракетите во реално време? Од каде ќе доаѓаат информациите „еве го, такви и такви координати“ (со точност од 10 метри)? Одговорот: од никаде.

Куба ќе биде среќна, наскоро ќе се погрижиме за тоа — Трамп
САД продолжуваат со заканите и својата империјалистичка политика во однос на Куба. Бројот на американски извидувачки летови покрај брегот на Куба нагло се зголеми во последните денови.
Од 4 февруари, американската морнарица и воздухопловните сили спроведоа најмалку 25 летови со авиони и беспилотни летала во близина на најголемите градови во земјата.

Иран им постави на Соединетите Американски Држави пет услови за евентуален договор за решавање на конфликтот, јавува новинската агенција FARS
Според FARS, Техеран бара целосно прекинување на американските и израелските напади на негова територија, како и спречување на какви било понатамошни напади за време на преговорите.
Вториот услов е САД да се воздржат од воведување нови санкции и постепено укинување на постојните ограничувања, првенствено во банкарскиот и нафтениот сектор.
Иран, исто така, бара одмрзнување на неговите средства во странство и враќање на пристапот до меѓународниот финансиски систем.
Друг услов е официјално признавање на правото на Иран на мирна нуклеарна програма, вклучително и збогатување на ураниум, во рамките на меѓународните договори.
Петтиот услов се правни гаранции дека САД нема еднострано да се повлечат од новиот договор, како што направија по одлуката на Вашингтон да се повлече од нуклеарниот договор во 2018 година.
САД го одбија овој предлог на Иран, и повеќе од веројатно е дека војната ќе продолжи

Како е заштитено кинеското раководство
Основен, шематски опис на кинескиот безбедносен систем за највисокото државно раководство, стационирано во Пекинг. Пекинг е еден од најбезбедните главни градови во светот, заштитен од повеќе безбедносни системи.
Внатрешната безбедносна мрежа за највисокото кинеско раководство (членови на Постојаниот комитет на Политбирото на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина) е формирана од Централното биро за безбедност (ЦББ), посебна разузнавачка агенција која се состои од безбедносен полк (ЦББ) одговорен за заштита на владиниот комплекс во Џонгнанхај и неколку други објекти, како и оперативни единици одговорни за безбедноста на кинеските лидери. Една таква единица е личната безбедносна служба на Си Џинпинг.
ЦББ е нај„елитната“ од разузнавачките агенции на Кина, со практично неограничени овластувања и троен статус. Истовремено е дел од партискиот апарат (оддел на Генералната канцеларија на Централниот комитет на КЗК), војската (како Дирекција на заедничкиот штаб) и системот за спроведување на законот - претходно споменатиот 9-ти оддел на ЦББ.
Сепак, ЦББ не е контролирана од ниту една од овие три структури. Таа е потчинета на лидерот на НР Кина, а нејзиниот троен статус е неопходен за пристап до информациските текови и целосните овластувања на партиските, воените и агенциите за спроведување на законот како што е предвидено со закон. Сепак, персоналот на Бирото е воен персонал, со воени, а не полициски чинови. Историското (веќе не се користи) име на Бирото, „Воена единица 8341“, според урбаните легенди вообичаени во НР Кина, е изведено од последните четири цифри од серискиот број на личната пушка на Мао Це Тунг.
Надворешниот безбедносен периметар се состои од Пекиншкиот гарнизон на Народноослободителната армија на Кина, кој е одделен од редовниот синџир на команда (не поднесува извештаи до командата на борбената зона) и поднесува извештаи директно до претседателот на Централната воена комисија и неговата канцеларија. Гарнизонот се состои од две безбедносни дивизии (1-ва и 3-та) и голем број помали единици. Овие дивизии се способни брзо да го блокираат пристапот до главниот град и да ги заземат клучните објекти во него при секој знак на опасност.
Паралелно, постојат два зонгдуи (единица малку поголема од дивизија, но помала од корпус) на Народната вооружена полиција во Пекинг. Првиот зонгдуи во Пекинг е доделен на градот, додека вториот е мобилен и може брзо да се распореди на жаришта низ целата земја.
Народната вооружена полиција е кинески еквивалент на Американската Национална гарда. Нејзините единици во Пекинг се елитни, со добро одбран и обучен персонал. Додека шетате низ центарот на Пекинг, повремено можете да ги забележите оклопните возила на овие зонгуи-патролни и специјални единици, кои постојано се во готовност на клучните раскрсници и во близина на важни згради.
Бирото за јавна безбедност во Пекинг, кое е под Министерството за јавна безбедност, има огромен систем за видео надзор и следење на градот, како и сопствен зонгуи-специјално наменски способен да реагира на итни ситуации.
Тодоровски Дарко

👏2
🇨🇳 Кина ја зголемува продуктивноста на производството на деловите за борбените авиони J-20
Претходно, од двајца или тројца вработени се бараше да работат во смени во работилницата за да може опремата да работи цел ден. Сега, фабриката може да го произведува „корпусот“ на авионот во речиси целосен мрак.
„Темните фабрики“ се производствени капацитети дизајнирани да работат со минимална или никаква човечка интервенција. Елиминирањето на потребата од осветлување ја намалува потрошувачката на енергија и оперативните трошоци.
Објектот во Ченгду сега користи беспилотни возила за транспорт на материјали, роботи машини за сечење со голема прецизност, интелигентни системи за скенирање и роботи за контрола и известување за квалитетот на производот.
На тој начин ефикасноста на производството е зголемена за 150%, додека човечката работна сила е намалена за 80%, иако работниците сè уште се потребни за конечното склопување на авионите.
Во иднина, компанијата планира да ја прошири употребата на 5G технологии, вештачка интелигенција и системи за дигитално моделирање во реално време.
Во 2025 година, бројот на авиони „Ј-20“ во служба на воздухопловните сили на Народноослободителната армија на Кина се проценуваше на 500+. До 2030 година, овој број би можел да се зголеми на 1.000.

🇨🇳 Кина ја зголемува продуктивноста на производството на деловите за борбените авиони J-20 Претходно, од двајца или тројца вработени се бараше да работат во смени во работилницата за да може опремата да работи цел ден. Сега, фабриката може да го произведува…