Во врска со разговорите што се одржаа во Пакистан, би додал:
Во последните неколку дена пакистанските медијатори се обидуваа да најдат заеднички точки за преговори меѓу Иран и САД. Но, кога дојде до вистински директни преговори, се покажа дека двете страни ги заземаа токму ставовите што беа јавно соопштени од двете страни, ставови што драматично се разликуваат по клучните прашања.
Новинарот на Ројтерс и Аксиос, Барак Равид, известува, повикувајќи се на извори меѓу американските функционери, дека САД побарале Иран да се откаже од збогатувањето на ураниум, да ги уништи постројките за збогатување на ураниум, да го предаде својот збогатен ураниум, да престане со поддршката за Хезболах, Хамас и Хутите, да го деблокира Ормутскиот теснец и така натаму. Покрај тоа, според изворот на Барак Равид, сите овие биле „црвени линии“ за САД.
Секако, Иран го отфрли сето ова, бидејќи беше неприфатливо од перспектива на „црвените линии“ на Иран. Јасно е дека под овие услови секој договор во принцип беше невозможен.

Започнува поморската блокада на Иран 👇
Официјално соопштение на Централната команда на САД во врска со поморската блокада на Ормутскиот теснец:
"Нашите сили ќе започнат со блокирање на целиот поморски сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа на 13 април во 10:00 часот по источно време, според прогласот на претседателот.
Блокадата ќе се однесува на бродови од сите земји што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.
Силите на ЦЕНТКОМ нема да го попречуваат движењето на бродовите низ Ормутскиот теснец до или од неиранските пристаништа.
На морнарите им се советува да ги следат официјалните известувања и да одржуваат комуникација со американските поморски сили во регионот."
Тоа значи дека САД ќе го блокираат поморскиот сообраќај на Иран, а нема да има целосна блокада на Ормутскиот теснец. Интересно ќе биде да се види одговорот на Иран.

Емануел Макрон е разочаран од перформансите на францускиот воено-индустриски комплекс и дури се заканува дека ќе најде „алтернативни решенија“ ако производителите на оружје не работат побрзо и поефикасно
Во јуни 2022 година, на изложбата за оружје „Еуросатори“ во Вилпент, Макрон за прв пат објави дека „влегуваме во воена економија“. Тој ја повика одбранбената индустрија да направи се што е можно и невозможно за да ја одбрани својата "сакана татковина и нејзините сојузници."
И покрај целата медиумска помпа, француската одбранбена индустрија постигна мал напредок. Макрон сега отворено ги критикува лидерите во индустријата што се потпираат на заштитениот (од конкуренцијата) домашен пазар.
„Ми треба одбранбена индустрија што се прилагодува подобро и повеќе не ги гледа француските вооружени сили како заложници“, рече Макрон, имплицирајќи дека „некои“ заработуваат милијарди во одбраната, додека други заработуваат само смоква со путер.
„Не истиснуваат од светскиот пазар!“ Макрон.
Лидерите на францускиот воено-индустриски комплекс зборуваат за нивната подготвеност да го зголемат производството, но само под услов да добијат владини долгорочни договори. Генерално, се очекува буџетот за одбрана да достигне 57,1 милијарди евра во 2026 година (во споредба со 50,5 милијарди евра во 2025 година), а потоа да се зголеми на 63,4 милијарди евра во 2027 година.
Откако ќе се добијат парите, клучно е да се разбере како мудро да се трошат. Се овде се врти околу Генералниот директорат за вооружување (DGA) на Националната агенција за набавки во одбраната. Денес, директоратот вработува 10.500 вработени, со сите бирократски радости.
Работите за Франција станаа толку лоши што ОАЕ се повлекоа од проектот за развиј и финансирање на францускиот борбен авион Rafale F5 од следната генерација.

На 12 април 1204 година, за време на Четвртата крстоносна војна, крстоносните сили наместо Ерусалим го освоиле Цариград
До почетокот на 13 век, Византија доживувала длабока политичка и државна криза. Внатрешните судири, борбата за престолот и слабеењето на централната власт ја поткопале нејзината стабилност. Армијата била само бледа сенка на моќната византиска армија.
Четвртата крстоносна војна, започната на повик на папата Инокентиј III, се соочила со проблеми со финансирањето. Не можејќи да го платат поморскиот транспорт на венецијанската флота до Светата земја, крстоносците биле вовлечени од дуждот Енрико Дандоло во конфликт со Задар, а подоцна и со Византија.
Византискиот принц Алексиј IV Ангел, син на соборениот цар Исак II, им ветил на крстоносците огромни суми пари, како и потчинување на Православната црква на папата, доколку му помогнат да го врати престолот. Во 1203 година, крстоносците се истовариле пред ѕидините на Цариград и, по демонстрација на сила, ги воздигнале Алексиј IV и неговиот татко на престолот. Сепак, наскоро стана јасно дека Алексиј не е во можност да ги исполни своите ветувања, особено огромната исплата од 200.000 сребрени монети.
Незадоволството во градот се претворило во отворен бунт, за време на кој Алексиј IV бил убиен, а Алексиј V Дука Мурзуфлес ја презел власта. Тој одбил да го признае договорот со крстоносците, а вторите решиле да го освојат градот со сила. Започнала втората опсада на Цариград.
На 12 април 1204 година, крстоносците започнале општ напад. Главниот напад бил од североисток, од Златниот Рог. Кулите за напад и бродовите со подвижни скали им овозможиле на крстоносците да се истоварат на градските ѕидини. Иако Византијците се обиделе да организираат одбрана, моралот меѓу војниците бил поткопан, а командата покажала недоволна решителност и храброст.
По неколку часа борба, крстоносните сили успеаја да пробијат дел од утврдувањата и да упаднат во градот. Улиците на главниот град се претвориле во бојно поле и грабежи. Започнало систематското грабање на Цариград.
Градот-тврдина, кој издржал на нападите на многу моќни непријатели, бил освоен за прв пат. Она што се покажало невозможно за Персијците, Аварите и Арапите, било постигнато од војската на крстоносците која броела не повеќе од 20.000 луѓе.
По освојувањето на главниот град следел тридневен варварски грабеж. Светите места, вклучувајќи ја и катедралата „Света Софија“, биле осквернавени и ограбени. Реликвии, злато, накит, уметнички дела и книги биле однесени во Венеција, Франција и други земји. Византиските манастири, библиотеки и палати биле уништени или опустошени. Населението било подложено на насилство, убиства и понижувања.
Папата Инокентиј III, откако дознал што се случило, бил шокиран и ги осудил постапките на крстоносците, иако подоцна ги прифатил резултатите од заземањето.
По заземањето на градот, било основано Латинското Царство под водство на Балдвин од Фландрија. Сепак, контролата на крстоносците врз територијата се покажала слаба и тие се соочиле со постојан отпор од населението во Цариград и околината, вклучително и од Империите Никеја, Требизонт и Епир, основани во егзил.

❤1
Разговорите меѓу САД и Иран, како што предвидов, не успеаја. Двете страни настапија со своите црвени линии, и преговорите не се одвиваа во директен формат, туку во индиректен формат, односно делегациите комуницираа преку пакистански посредници, па исходот на преговорите е очекуван.
Сепак, одлуката на Доналд Трамп за поморска блокада на Иран предизвика реакции низ целиот свет. Но, постапките на Вашингтон не се неочекувани, напротив, тие се очекувани, и се дел од стратегијата на САД. Дури и пред почетокот на операцијата „Епски бес“, Белата куќа сериозно размислуваше за блокада на иранската трговија со нафта (слично на Венецуела). Неколку американски крајбрежни борбени бродови, LCS-1 Freedome и LCS-2 Independence, веќе се распоредени во регионот специјално за оваа намена.
Морскиот коридор останува најважната рута за Техеран да ја извезува својата нафта. Иран одамна стекна голема „флота во сенка“ и разви софистицирани шеми за заобиколување на санкциите и ограничувањата. Затоа, одлуката на Трамп е сосема логична. Ако Иран го спречи снабдувањето со нафта до другите земји од Персискиот Залив, тогаш САД, пак, ќе го спречат Иран да го продаде своето „црно злато“. Иран најавува дека во случај на поморска блокада на неговите пристаништа, тој ќе ги нападне пристаништата на сите сојузници на САД во Ормутскиот теснец.
Но, овој потег на САД не треба да се прецени. Во суштина, тоа се прави за да се купи време. Овој потег не е стратешки и не може да го реши конфликтот. Поради тоа, прераспоредувањето на американските сили на Блискиот Исток продолжува. Покрај тоа, нови експедициони сили се упатуваат кон регионот.
Се поизвесно е дека САД и Израел ќе ги обноват воздушните напади против Иран, и дека САД ќе пробаат десантни операции врз островот Харг и другите ирански острови во Ормутскиот теснец. А Иран ќе ја продолжи својата тактика на водење војна на исцрпување.

Поморската блокада на Иран стапи на сила
Бред Купер, командант на ЦЕНТКОМ:
"Иранската блокада се однесува на сите бродови, без оглед на знамето. Секој брод што влегува или излегува од зоната на забрана без дозвола може да биде запрен или задржан. Ќе се обезбеди слободен премин низ Ормутскиот теснец за бродови што не се движат кон Иран; сепак, на ниту еден брод нема да му биде дозволено да плови до или од Иран. Хуманитарната помош ќе биде дозволена во Иран под услов да биде целосно мониторирана и да биде проверена."
Останува да видиме како САД на пракса ќе ја реализираат поморската блокада на Иран.

Bloomberg: Шпанија ја повикува Кина да игра позначајна улога во завршувањето на војните
Шпанскиот премиер Педро Санчез ја повика Кина да го искористи своето глобално влијание за да помогне во завршувањето на војните на Блискиот Исток и Украина за време на говорот во Пекинг.
Зборувајќи на Универзитетот Цингхуа за време на неговата петдневна посета, Санчез рече дека Кина „може да направи повеќе“ со тоа што ќе бара почитување на меѓународното право и ќе инсистира на прекин на непријателствата во Либан, Иран, Газа, Западниот Брег и Украина. Тој додаде: „Меѓународното право е основа на се“.
Забелешките на Санчез дојдоа откако Шпанија и Кина ги осудија нападите на САД и Израел врз Иран како „неприфатливи“ и „нелегални“.
Мадрид, исто така, го затвори својот воздушен простор за американските борбени авиони вклучени во војната и му забрани на Вашингтон да користи воени бази на шпанска територија за операции поврзани со кампањата.
Зборувајќи за улогата на Кина, Санчез тврдеше дека моќта повеќе не е концентрирана на една локација, изјавувајќи: „Напредокот повеќе нема еден центар... Ова не е хипотеза: тоа е нова реалност“.
Тој додаде дека Европа останува влијателна, нагласувајќи ја соработката со Кина: „Свет кој не може да се разбере без Кина... Осудени сме да се разбираме едни со други.“
Се очекува Санчез да се сретне со кинескиот лидер Си Џинпинг за време на посетата, која ќе биде негова четврта откако ја презеде функцијата, бидејќи Мадрид ги зајакнува врските со Пекинг, неговиот најголем трговски партнер надвор од ЕУ.

Израел и Србија заедно ќе произведуваат дронови во Србија
Србија и израелската компанија „Елбит Системс“ заеднички ќе изградат фабрика за производство на дронови. Фабриката ќе биде сместена во индустриската зона Шимановци (30 км западно од Белград). „Елбит“ ќе поседува 51% од акциите, додека српската државна компанија „Југоимпорт СДПР“ ќе поседува 49%.
Проектот вклучува производство на два вида дронови: дронови камикази и беспилотни летала со долг дострел способни да летаат на надморска височина до шест километри. Општата идеја е трансфер на технологија, бидејќи на тоа ќе работат и српски инженери, а тој дрон е круната на целата приказна.
Во проектот ќе бидат вклучени инженери од српската авиокомпанија „УТВА“ (исто така во сопственост на СДПР).
Соработката ги одразува растечките воени врски меѓу земјите. Израел, заедно со Кина, сега е стратешки воен партнер на Србија.
Во 2025 година, српската влада потпиша договор вреден 1,635 милијарди долари со „Елбит Системс“ за купување беспилотни летала „Хермес 900“, ракетни системи „ПУЛС“, камикази дронови „СкајСтрајкер“ и системи за електронско војување. Извозот на српско оружје во Израел се зголеми за 42 пати од 2023 година, достигнувајќи 114 милиони евра во 2025 година.

Фотографија од ирански систем за воздушна одбрана со краток дострел AD-08 Majid.
Овие системи беа користени од Иран за оштетување на американски F-35, но и за соборување на A-10 и F-15, како и повеќе од 20 беспилотни летала MQ-9 Reaper и израелски Hermes 900.
Иран соочен со постојаните напади на клучните радари и ПВО системи со долг и среден дострел водени со радари, се одлучи да користи ПВО системи со краток дострел со оптичко/термално наведување (тие не зрачат како радарите) Majid (и нивните аналози). Овие системи беа ефикасно користени во ситуации на заседа против американско-израелските беспилотни летала и борбени авиони.

САД продолжуваат да го зголемуваат военото присуство на Блискиот Исток
Ударната група предводена од носачот на авиони USS George H.W. Bush (CVN-77) денес помина покрај Гибралтар и влезе во Средоземното море, а наводно, во регионот пристигнува и амфибиска група предводена од USS Boxer и 11-та морска експедициска единица.
Новите сили не само што ќе се приклучат на американската поморска блокада на Иран, туку и ќе ги прошират оперативните капацитети на Централната команда на САД.
USS George H.W. Bush ќе им се приклучи на носачите USS Gerald Ford и USS Abraham Lincoln на Блискиот Исток, и САД ќе имаат на располагање три ударни групи на носачи.

🔥1
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан: Израел се обидува да ја прогласи Турција за нов непријател 👇
"По Иран, Израел не може без непријател. Треба да развие одредена реторика.
Гледаме дека не само владата на Нетанјаху, туку и некои опозициски личности се обидуваат да ја прогласат Турција за нов непријател во својата политичка реторика. Ова прво беше претставено како неопходност на уличната политика, а потоа се прави обид да се претвори во државна стратегија.
Додека Нетанјаху е на власт, ова е веќе државна стратегија. Ќе видиме обиди да се усвои ова во државните институции."

Ердоган се закани со воена интервенција против Израел
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата го обвини Израел дека врши злосторства против Палестина и Либан и се закани со потенцијална воена акција против еврејската држава, слична на нејзините минати интервенции во Карабах и Либија.
„Мрежата за геноцид, извалкана со крв, продолжува да убива невини деца, жени и цивили без никакво правило или принцип, игнорирајќи ги сите видови човечки вредности“, тврдеше Ердоган додека се обраќаше на Меѓународната конференција на Азиските политички партии во Истанбул.
„И покрај прекинот на огнот, Израел принуди 1,2 милиони Либанци да ги напуштат своите домови поради напади врз цивилни населби“, рече Ердоган, и покрај тоа што и Израел и САД ги отфрлија тврдењата дека Либан е вклучен во сегашниот прекин на огнот со Иран. Ердоган продолжи да ги опишува израелските постапки како „варварски“, додека го цитираше контроверзниот закон неодамна донесен од Кнесетот за одобрување на смртни казни против терористи, за кој турскиот лидер рече дека е наменет „само за палестински затвореници“.
Одговарајќи на новинарите подоцна во текот на денот, Ердоган ја ескалираше својата реторика уште повеќе, сугерирајќи дека Анкара би можела да избере воено да се интервенира против Израел.
„Мора да бидеме силни за да го спречиме Израел да го стори ова со Палестина“, рече Ердоган. „Исто како што влеговме во Карабах, исто како што влеговме во Либија, истото ќе им го сториме и на нив“, изјави тој. „Нема ништо што ќе нр спречи да го сториме тоа. Само треба да бидеме силни за да можеме да ги преземеме овие чекори.“
https://www.jpost.com/middle-east/article-892720

The Jerusalem Post | JPost.com
Erdogan threatens military action against Israel, MK calls him a 'megalomaniacal dictator'
Turkey could take military action against Israel if necessary, Erdogan warns, drawing comparisons to past interventions in Karabakh and Libya.
Самостојни земји
Само една земја во светот може да ги задоволи своите потреби за храна во сите 7 главни групи на храна (месо, млечни производи, риба, скробна храна, мешунки, јаткасти плодови, овошје и зеленчук) - и тоа е... Гвајана!
НР Кина и Виетнам можат да ги задоволат своите потреби во 6 од 7 групи на храна, а многу земји можат да ги задоволат 5 од 7: некои европски земји (Русија и Шпанија), голем број азиски и латиноамерикански земји, Австралија и Нов Зеланд.
Ситуацијата со храната е најтешка во Јемен, Ирак и Авганистан: овие земји не се во можност да ги задоволат своите потреби во ниту една од групите на храна! Многу африкански земји (и Јапонија) можат да ги задоволат своите потреби само во една група на храна.

Наспроти позадината на американската поморска блокада на иранските пристаништа на 13 април, на интернет почнаа да се појавуваат дезинформации, наводно содржејќи изјава на кинескиот министер за одбрана Донг Џун, во која се вели:
„Ние сме посветени на глобалниот мир и стабилност. Ја следиме ситуацијата на Блискиот Исток. Нашите бродови влегуваат и излегуваат од Ормутскиот теснец. Имаме трговски и енергетски договори со Иран. Ќе се придржуваме до нив и ќе очекуваме другите да не се мешаат во нашите работи. Иран го контролира Ормутскиот теснец, а ние имаме пристап до него.“
Нема официјална потврда дека оваа изјава некогаш се случила. Јас и моите пријатели проверивме во НР Кина, и таква или слична изјава нема од министерот за одбрана на НР Кина. Донг Џун не дал никаква изјава во однос на ова прашање. Пораката првенствено е објавена од сомнителни платформи. Исто така, нема слични публикации во глобалните кинески медиуми на англиски јазик, но и во западните медиуми.
Автор на наводната изјава на министерот за одбрана на НР Кина е ресурс со седиште во Авганистан.

🤔1
10 мерки за промовирање на размена и соработка меѓу Кина и Тајван
По посетата на лидерот на партијата Куоминтанг, Џенг Ливен, на Кина од 7 до 12 април, кинескиот претседател Си Џинпинг одржа воведен говор во кој ги наведе областите за понатамошен развој меѓу двете страни.
За да се промовира развојот на соработката и да се подобри благосостојбата на луѓето, Канцеларијата за тајвански прашања на Централниот комитет на КПК го објави следниов пакет мерки:
1. Планирано е да се воспостави механизам за редовен дијалог меѓу Комунистичката партија на Кина и Куоминтанг. Партиите имаат намера да градат врз основа на „консензусот од 1992 година“ и противењето на независноста на Тајван, да го промовираат создавањето на „едно семејство од двете страни на теснецот“ и да ја зајакнат соработката за постепен развој.
2. Ќе се воспостави платформа за младински размени. Федерацијата на млади на Кина и Комитетот за развој на младински прашања на Куоминтанг редовно ќе одржуваат настани за размена. Кина ќе поканува 20 тајвански младински групи годишно.
3. Промовирање на развојот на инфраструктурни врски помеѓу крајбрежните области на градот Фуџијан и островите Кинмен и Мацу - вклучувајќи водоснабдување, енергија, гас и транспорт - за подобрување на животниот стандард на локалните жители.
4. Планирано е постепено враќање на целосната воздушна услуга низ Тајванскиот теснец помеѓу градови како Урумчи, Сиан, Харбин, Кунминг и Ланџоу, како и заедничко користење на новиот аеродром Сиамен од страна на Кинмен.
5. Воспоставување механизам за олеснување на увозот на тајвански земјоделски и рибни производи во Кина, вклучително и учество на изложби и трговски настани.
6. Управување со пристапот до риболовот низ Тајванскиот теснец и истражување на можноста за изградба на пристаништа во соодветни области за опслужување и пристаниште на тајванските рибарски бродови, истовар на нивниот улов и олеснување на неговата продажба на копното.
7. Планирано е да се поедностават процедурите за регистрација за тајванските производители на храна на копното и пристап до нивните производи на кинескиот пазар.
8. Планирано е создавање мали трговски пазари со Тајван и обезбедување помош на тајванските мали бизниси за влез на пазарот на копното.
9. Ќе се даде дозвола за емитување висококвалитетни, корисни тајвански телевизиски серии, документарци и цртани филмови на копнените телевизиски канали и онлајн платформи, како и за вклучување на тајвански специјалисти во креирањето медиумска содржина. Посебно внимание ќе се посвети на проекти што ги прикажуваат семејните врски меѓу двете страни на Тајванскиот теснец и желбата за подобар живот, како и промовирање на зачувувањето и развојот на кинеската култура.
10. Ќе се обезбеди олеснување за продолжување на пилот-програмата за индивидуални патувања во Тајван за жителите на Шангај и покраината Фуџијан.
Ова е уште еден пример за употребата на мека моќ од страна на Кина кон Тајван.

Си Џинпинг предлага предлог од четири точки за решение на Блискиот Исток
На средбата со престолонаследникот од Абу Даби, шеикот Халед бин Мохамед Ал Нахјан во Пекинг, кинескиот претседател Си Џинпинг повика на спроведување на четири принципи за промовирање на мирот и стабилноста на Блискиот Исток.
1. Мирна коегзистенција: Клучно е да се промовира изградба на заедничка, сеопфатна, кооперативна и одржлива регионална безбедносна архитектура.
2. Почитување на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на земјите во регионот, како и ефикасно обезбедување на безбедноста на персоналот и објектите на сите земји.
3. Владеење на меѓународното право: Придржувањето кон овој принцип, нагласи Си Џинпинг, ќе го спречи светот да се врати на „законот на џунглата“.
4. Координација на развојот и безбедноста: создавањето поволна средина за развој на регионот бара заеднички напори на сите земји.

„Турција станува втора светска сила по број на воени бази во странство“
Турција стана земја со втор најголем број воени бази во странство во светот по САД, со 133 странски бази во споредба со 887 на Вашингтон, надминувајќи ги традиционалните сили како што се Велика Британија (117), Русија (29) и Индија (20).
Во Африка, Анкара воспостави густа мрежа на стратешки објекти во Сомалија, Либија, Мали, Судан и Чад, етаблирајќи се како клучен безбедносен играч, предизвикувајќи го влијанието на Франција, Русија и земјите од Заливот, а воедно проширувајќи го своето воено, економско и политичко присуство.
Турција стана земја со втор најголем број воени бази во странство во светот по САД, со 133 странски бази во споредба со 887 на Вашингтон, надминувајќи ги традиционалните сили како што се Велика Британија (117), Русија (29) и Индија (20).
Во Африка, Анкара воспостави густа мрежа на стратешки објекти во Сомалија, Либија, Мали, Судан и Чад, етаблирајќи се како клучен безбедносен играч, предизвикувајќи го влијанието на Франција, Русија и земјите од Заливот, а воедно проширувајќи го своето воено, економско и политичко присуство.
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Rafale во акција
Вчера, ирански дронови камикази нападнаа камп на ирански курдски сепаратистички групи кои се борат против Иран во ирачки Курдистан. Некои од дроновите камикази го погодија кампот, а некои беа соборени во воздух од борбени авиони.
Видеото го прикажува моментот кога иранскиот беспилотен дрон „Шахед-136“ е пресретнат од борбен авион „Rafale“ на француските воздухопловни сили над ирачки Курдистан.