Одбрана и Безбедност
590 subscribers
3.02K photos
1.27K videos
4 files
113 links
Телеграм канал специјализиран за воена аналитика, анализи на воени конфликти, новости во сферата на воената наука, вооружувањето и војувањето, како и во борбата против тероризмот.
Download Telegram
Голем хуманист. И како можеше да остане без Нобелова награда за мир?

„Доналд Трамп: Им даваме [на Иран] рок до утре, 20:00 часот источно време, а потоа нема да им останат никакви мостови или електрани... Камена доба, да, камена доба.“

Иран ноќва е подложен на најжестоките американско-израелски воздушни напади. Посебна цел е стратешкиот град Исфахан, каде се наоѓаат објекти поврзани со иранската нуклеарна програма и подземен склад каде е складиран збигатениот ирански ураниум, како и подземни ракетни бази и складови.
Фотографијата е од Исфахан.
1
Подетална мапа од @chrisschmitz на настаните од местото на спасувањето на американскиот пилот и операторот на оружјето на соборениот Boing F-15Е. Како што може да се види од мапата, Американците дејствувале во непосредна близина на критичниот ирански Центар за нуклеарна технологија и истражување Исфахан, а Иранците не можеа да ја контролираат областа и да спречат евакуација на двајца пилоти, а потоа и на неколку стотици припадници на американските специјални сили. Сето ова, се разбира, создава доволно простор за шпекулации дека нуклеарниот центар Исфахан бил можната вистинска цел на американските акции, иако нема никакви докази за тоа.
П. С. Ќе пишам посебен пост зошто тоа не е изводливо со ограничен број на специјалци, и дека главната цел биле пилотите.
Од друга страна, во Иран бараат одговорност. Некои од командантите на КСИР треба да ги отпуштат командантите на покраинските групи на паравоените сили и одговорните во КСИР.
Мислење на командант на КСИР: 👇
"Оваа небрежност, кога непријателот влегол на наша територија, е неоправдана за време на војна. Знаејќи дека непријателот ќе се обиде да изврши втора евакуација на копилотот, беше потребна итна акција, барајќи поддршка од Центарот за брза реакција Саберин. Ова, исто така, покрена прашања кај командантите на КСИР, кои беа одговорни за комуникациите со покраинските групи Басиџ."
Американската специјална операција за евакуација на пилотот/офицер за оружје на никој начин не е поврзана со нуклеарниот центар Исфахан.
Факт е дека сите брзи напади врз Центарот за нуклеарна технологија и истражување Исфахан се едноставно бесмислени во моментов. Не само што самиот центар е практично на периферијата на Исфахан, туку најважното е нешто сосема друго. Надземниот дел од центарот беше тешко оштетен за време на 12-дневната војна од јуни 2025 година од страна на военото воздухопловство на Израел и на САД, плус пристапните тунели до целиот подземен дел од нуклеарниот центар, кој ги содржи главните ирански залихи на збогатен ураниум и многу повеќе, од страна на самите иранци беа херметички запечатени во февруари 2026 година, а потоа покриени со огромни количини земја.
Иранците, очигледно, беа сериозно загрижени за заканата од можна специјална операција против Центарот за нуклеарна технологија и истражување Исфахан, па затоа го оневозможија брзиот пристап до подземните тунели и до самиот објект.
Доколку САД сакаат да спроведат таква операција, ќе мора да организираат голема десантна операција со слетување на десетина тешки и десетина средни транспортни авиони, да ја освојат околината, да создадат безбедносен периметар и истиот да го бранат со помош на хеликоптери, тенкови и друга тешка техника, некако да достават тешка инженерска опрема и техника за копање, а потоа да ископаат отвор во тунелите (за тоа требаат денови), да влезат, и да ги бараат залихите со нуклеарен ураниум. И тоа во услови на постојани ирански секакви напади.
Во моментов такво сценарио е тешко изводливо.
1
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Ројтерс: Пукање во близина на израелскиот конзулат во Истанбул.

Турски извори: Двајца полицајци се ранети, а тројца напаѓачи се убиени во близина на израелскиот конзулат во Истанбул.
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Одговорот на Иран на израелските напади врз иранската петрохемиска индустрија

Иран синоќа со помош на балистички ракети и дронови камикази нападна индустриска зона во градот Ал-Џубаил во Саудиска Арабија.

Оваа индустриска зона содржи енергетски објекти, како и големи петрохемиски фабрики на саудиската компанија Сабик.
🔥1
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Танкер се запали и експлодираше додека минуваше под мостот на Панамскиот канал, ширејќи го пожарот на цистерните со гориво што минуваа.

Три лица се повредени, а по уште едно сè уште се трага, според локалните медиуми.

Сообраќајот на мостот на Панамскиот канал во моментов е привремено прекинат. Доколку и овој канал биде затворен на долго, цените на горивата ќе скокнат нагло.
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Воздухопловните сили на САД извршија повеќекратни напади врз воената инфраструктура на островот Харг во Иран.

Целите вклучуваа радарски станици, подземна воена инфраструктура, складишта за муниција и пристаништа.
Израел и САД, исто така, започнаа напади врз железничката инфраструктура во Иран. Нападнати се помеѓу 8 и 10 мостови. Според извештаите од Иран, станува збор за мостови што поврзуваат различни провинции во земјата. Овие мостови ги користат и патничките и товарните возови.
Нападите врз мостовите ефикасно го делат Иран на одделни неповрзани делови и го ограничуваат транспортот и движењето.
Главната цел е да се нанесе тежок економски удар врз владата, што ќе доведе до нејзин колапс.
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Жителите на иранскиот град Казерун формираа човечки штит во близина на електрана која американската војска наводно планира да ја нападне вечерва.
Слично е и во други ирански градови. Дали ова ќе помогне, ќе покажат наредните часови.
👍2😐1
The Final Countdown! Ескалација и разрушен Блиски Исток, или мир?

Светот а посебно Блискиот Исток е во исчекување, бидејќи денес истекува ултиматумот на Трамп во однос на Иран. Големата битка за Нов Блиски Исток влегува во огнена фаза, и конфликтот се доближува до точката од која што потоа нема враќање назад. Влогот е голем за сите, и за САД, и за Иран, но и за Израел.
Дека ситуацијата на Блискиот Исток се движи кон најлошото сценарио потврда се денешните напади на САД и Израел врз иранската инфраструктура, до истекот на ултиматумот на Трамп. Последните преговори помеѓу САД и Иран со посредство на Пакистан покажаа одреден напредок, но постигнувањето договор пред истекувањето на ултиматумот рокот на Трамп е малку веројатно.
Со ултиматумот Трамп од една страна се става себеси во ќош што го остава без добри опции, а од друга страна тој не му остава опции и на Иран. Знаејќи го Трамп и неговото его, и тоа што тој во моментов се чувствува како Наполеон, за Трамп и САД во моментов е невозможно повлекување од војната без јасна воена и политичка победа. Се работи за американската воена хегемонија и перцепцијата во светот како светска сила број 1. Повлекување на САД во моментов значи рушење на американската воено политичка хегемонија и доброволен отказ од глобалното лидерство. А никој во САД не е спремен на тоа. Поради тоа САД ќе одат до крај, и САД се спремни на ескалација и уништување на иранската енергетска, нафтена и патничка инфраструктура. САД не ги интересира социјалната и економската катастрофа со која што ќе се соочи Иран и целиот Блиски Исток.
За Иран ова е борба не на живот, а на смрт. Знаејќи ја историјата на Персија и Иран, нивната гордост и достоинство, со Иран не може да се преговара со ултиматуми. Иран е подготвен да склучи договор, но не договор кој значи капитулација. Поради тоа Иран е спремен "скапо да си ја продаде кожата". Иран се закани, дека доколку тој потоне во темнина, Иран со себе ќе го повлече целиот Блиски Исток, особено Заливските монархии, кои се сојузници на САД.
Огнената моќ и можности на Иран се далеку послаби од тие на САД и Израел, но Иран може да нанесе ако не критични, тогаш сериозни штети на енергетскиот сектор на Заливските Монархии, па и на Израел.
За разлика од Трамп и неговата непостојаност и менување на изјавите, Израел и Нетанјаху цело време имаат јасна цел и стратегија. Тоа е убиство на воениот врв на КСИР, уништување на воените капацитети на Иран, уништување на неговата индустрија и економија. Израел нема да се откаже од тоа. Затоа Израел и ги саботираше некои од обидите за преговори.
Во моментов и САД и Иран се како два луди возачи на автомобили кои на огромна брзина се движат еден напротив друг, и ниту еден од нив не е спремен да го смени правецот. Но дали еден од нив во последен момент ќе го промени правецот, или ќе дојде до судир кој ќе го потресе целиот Блиски Исток ќе покажат наредните часови. Последното одбројување е во тек.
Се надевам дека грешам, но мислам дека и двете страни ќе одат до крај.
👍2🎉1
Многумина кога станува збор за изјавата на Трамп за враќање на Иран во камената ера, мислат на употреба на нуклеарно оружје од страна на САД, но САД можат преку систематска масовна воздушна кампања да ја уништат енергетската и нафтената инфраструктура на Иран. Нешто слично на Ирак 1991 година. Не е потребно употреба на нуклеарно оружје.
Иако јас не верувам во такво сценарио, но ако Трамп дефинитивно полуди и одлучи да нареди употреба на нуклеарно оружје, никој во САД нема овластувања и нема право да го спречи и да не ја исполни неговата наредба. Можеби претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили би можел да се обиде да купи време, но претседателот на САД би можел, ако така одлучи, да ја испрати наредбата директно до командните места по што следи употреба на нуклеарното оружје. После тоа назад враќање нема.
Ако дозволиме реализација на такво сосема чудно и бесмислено сценарио, тогаш САД би можеле да користат авиобомби исфрлени од тактички или дури и стратешки бомбардери, крстосувачки ракети лансирани од воздух или море, и интерконтинентални балистички ракети со нуклеарни боеви глави „Тридент II“ за да го вратат Иран во камената ера, како што тврди Трамп.
А тоа значи отварање на вратите на пеколот за целото човештво.
🔥1
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Моментот кога авионска бомба од типот JDAM уништи мост западно од Техеран, во моментот кога цивилни возила се движат под надвозникот.
🔥1
Пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф:
"За да и се овозможи на дипломатијата да си ја заврши работата, искрено го молам претседателот Трамп да го продолжи рокот за две недели.
Пакистан искрено ги моли своите ирански браќа да го отворат Ормутскиот теснец за соодветен двонеделен период како гест на добра волја. Исто така, ги повикуваме сите завојувани страни да почитуваат прекин на огнот насекаде во текот на две недели за да и се овозможи на дипломатијата да постигне дефинитивно завршување на војната во интерес на долгорочен мир и стабилност во регионот."
„Пеколот“ засега се одложува, две недели шанса за мир на Блискиот Исток

САД и Иран направија отстапки. Иран се согласи да го отвори Ормутскиот теснец, а САД и Израел се согласија на две недели примирје за постигнување на мировен договор со Иран.
На две недели светот може да воздивне. Две недели примирје за дипломатите да се обидат да подигнат мир на преговарачката маса, во спротивно следи нова, брутална рунда на конфликтот.
Накратко да ја сумираме моменталната ситуација, САД, Израел и Иран прекинуваат со воените дејства едни кон други две недели, а Ормутскиот теснец се отвора за овој период.
Тврдењата на Иран дека САД наводно се согласиле на 10-те ирански точки изгледаат едноставно нереални, врз основа на нивната содржина и фактичката ситуација во војната. Никој ниту во САД, ниту во Израел нема да ги прифати, бидејќи истите значат капитулација за нив. САД и Израел уште пред војната јасно ги претставија своите преговарачки точки и позиции. Најверојатно, точките и позициите и на двете страни едноставно ќе бидат почетни услови за преговори, кои ќе траат наведените две недели во Пакистан. А потоа, за време на преговорите, страните ќе се обидат да се договорат за нешто помеѓу нивните максималистички желби и реалноста.
Секако, во ова време, САД ќе продолжат да ги прераспоредуваат своите трупи во регионот, а Иран ќе работи на обнова на својот ракетен потенцијал и откопување на ракетите и беспилотните летала скриени под земја за да го заштитат од напади. Затоа, страните ќе имаат со што да вршат притисок едни врз други ако идниот договор не успее.
1
Накратко, сите ќе прогласат голема победа, но всушност, никој не победи

Целото ова зборување и дискусија за американска или иранска победа е бесмислено се додека не се дознаат сите детали и не стане јасно кој кого го принудил на отстапки и на што едната страна ќе се потчини на крајот од овие две недели преговори, и дали и ќе се постигне мировен договор на крајот.
Затоа што ако на дипломатите од двете страни им требаат две недели само за да го принудат наводно поразениот противник да потпише се и да ја формализира рамката на победата, тогаш нешто не е во ред. Целосна и безусловна победа се формализира за еден или два дена. Едната страна прогласува целосна согласност со сите услови на другата страна, и тоа е тоа. Потоа се е многу брзо и едноставно. Дополнителните документи едноставно се подготвуваат по вообичаената рутина, после потпишувањето на првиот документ.
Ако во моментов нема јасен победник, тогаш познато е кои се губитниците. 100% губитниците во оваа војна се Заливските монархии - тие ги понесоа сите трошоци и не добија ништо.
Интересни денови и преговори претстојат, бидејќи барањата на двете страни се целосно некомпатибилни.
3👏2
Наместо уништување на персиската цивилизација, Трамп прогласи „златна доба“ на Блискиот Исток, нова ера на вечен мир.

Трамп уште еднаш го повтори својот традиционален пристап, познат како TACO (Трамп секогаш се колеба).
Трамп уште еднаш покажа дека е најголемиот дестабилизирачки фактор во светот, но дека не е подготвен да оди до крај и покрај сите негови закани и изјави. Тој се плаши од големи ризици и сериозен отпор. А неговите изјави имаат значење, тие никогаш не треба да се сфаќаат буквално. Тој самиот не смета дека ниту една од неговите изјави е обврзувачка.
Сите детали од прекинот на огнот веројатно наскоро ќе станат јасни, како и дали воопшто ќе функционира. Секако, двете страни прогласуваат голема победа.
Прерано е да се тврди дека војната е завршена, но ако не продолжи во наредниот период, и ако се склучи мировен договор, во регионот се појавува нова рамнотежа на моќ, што засега е тешко да се процени. Ќе се појави Нов Блиски Исток. Доколку Иран на дипломатската маса успее да издејствува договор кој ги зема во предвид неговите основни барања, Иран ќе продолжи да се развива, ќе стане уште позначајна регионална сила и фактор на Блискиот Исток. За САД и Израел тоа ќе значи стратешки пораз на Блискиот Исток, и САД ќе бидат приморани да се повлечат од Блискиот Исток.
Не чекаат две динамични и возбудливи недели на Блискиот Исток.
🤝2👍1
Наследството на Џоу Енлај
„Ќе користиме само мирни средства и нема да дозволиме никаков друг метод.“ - Џоу Енлај.
Енлај - дипломат виртуоз познат по својот прагматичен и помирувачки пристап, се залагаше за „барање заедничка основа, а истовремено оставање на разликите настрана“.
Хуајан со 2 200 години историја е живописен и динамичен град сместен во источна Кина, во покраината Џангсу. Градот е дом на 4,5 милиони луѓе, и истиот е голем град на ниво на префектура во централната покраина Џангсу. Хуајан е познат како „Креативен град на гастрономијата“ на УНЕСКО и родно место на кујната Хуајанг. Но градот е најпознат како роден град на големиот кинески државник Џоу Енлај, кој е симбол на градот, но и на големиот кинески писател Ву Ченген, автор на книгата „Патување на запад“. Во Хуајан се наоѓа родниот дом на Џоу Енлај, како и огромниот музеј во негова чест. Секој ден, река народ ги посетува неговиот дом и музеј, на тој начин оддавајќи му почит на својот сакан и почитуван премиер и дипломат. Имав чест да ги посетам и двата, и да се запознаам со ликот и делото на големиот Џоу Енлај.
Но кој бил Џоу Енлај?
Џоу Енлај (роден во Хуајан, покраина Џангсу, 5 март 1898 - 8 јануари 1976) бил еден од најголемите кинески државници во 20 век, кој остави комплексно наследство како голем револуционер, брилијантен дипломат, прагматичен администратор и визионер. Тој бил клучната алка во градењето на модерна Народна Република Кина како прв премиер на Народна Република Кина од октомври 1949 година до неговата смрт во јануари 1976 година, и министер за надворешни работи од 1949 до 1958 година. Служел под претседателот Мао Це Тунг и ѝ помогнал на Комунистичката партија да дојде на власт, подоцна помагајќи во консолидирањето на нејзината контрола, формирањето на нејзината надворешна политика и развојот на кинеската економија.
Џоу Енлај се докажал не само како практичар и рационалист, туку и како теоретичар на новата државност што се појавуваше во Кина. Потекнувал од образованата и богата „елита“ на Кина - тој бил потомок од 33-та генерација на основачот на неоконфучијанството, кој го носел истото презиме, Џоу Дуњи (1017–1073). Добил брилијантно, сеопфатно кинеско, европско и јапонско образование, кое значително ги зајакнало неговите способности и му овозможило да решава многу од најтешките државни проблеми, кои барале највисока ерудиција и способност да го примени стекнатото знаење во пракса. Меѓу политичката елита на Народна Република Кина, Џоу Енлај се издвојувал по своето високо интелектуално ниво, и важел за рационален и прагматичен државник.
Џоу Енлај уште во раната младост, ја предал својата привелигирана класа и стапил во Комунистичката партија на Кина во 1922 година, кога се наоѓал во Германија. Во 1924 година се вратил во Кина и целиот свој живот го посветил на својата татковина и на Комунистичката партија на Кина. По враќањето во Кина во 1924 година, станал страствен поддржувач на Сун Јат-сен, началник на Куоминтан кој се здружил со комунистите и СССР. Во 1925 година, Џоу Енлај се оженил со Денг Јингчао, која ја запознал шест години претходно додека отслужувал затворска казна. Џоу Енлај ја држел клучната позиција началник на политичкиот оддел (политички инструктор) во Воената академија Вампоа во Кина, основана од СССР за обука на кадри на Куоминтанг. Оваа позиција станала клучна фаза во неговата кариера, каде што соработувал со Чанг Кај-шек и ги поставил темелите за политичка работа во армијата. Во март 1927 година, Шангај станал сцена на крвава пресвртница во Кинеската историја. На 12 април се случил Шангајскиот масакр, кога Куоминтанг, предводен од Чанг Кај-шек, со поддршка на Зелената банда, уби илјадници комунисти и работници, раскинувајќи го својот сојуз со комунистичката партија на Кина. Чанг Кај-шек стана диктатор, и тоа довело до избувнување на граѓанска војна и премин на револуцијата во подземна борба.
Иако бил заробен во Шангај и осуден на смрт, заедно со неколку други комунистички водачи, Џоу Енлај по некое чудо успеал да избега, прво одејќи во Вухан, а потоа во Нанчанг, каде што дал значаен придонес во организирањето на востанието од 1 август 1927 година. Заедно со Мао иако и двајцата биле интелектуалци, зеле оружје во рацете и го посветиле целото свое време и енергија во борбата против диктаторот Чанг Кај-шек, а после 1933 година и на борбата против јапонската окупација на Кина.
После победата на Комунистичката партија над јапонската окупација во 1945 година, и во граѓанската војна во 1949 година и создавањето на Народна Република Кина на 1-ви октомври 1949 година, Џоу Енлај пристапил кон создавање на новата современа кинеска дипломатија. Важел за дипломатски виртуоз, и е познат по пробивањето на дипломатската блокада и поврзувањето на НР Кина со светот. Под неговата диригентска палка, само еден ден после создавањето на Народна Република Кина на 1-ви октомври, односно 2-ри октомври, беа воспоставени дипломатски односи помеѓу НР Кина и СССР. Во 1954 година, за време на дипломатские преговори со Индија и Мјанмар, Џоу Енлај ги промовирал Петте принципи на мирен соживот (Панка Шила), кои што до ден денес се основата на надворешната политика на НР Кина. Принципите вклучуваат меѓусебно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет, неагресија, немешање во внатрешните работи, еднаквост и меѓусебна корист и мирен соживот. Во 1955 година тој ја предводеше Конференцијата во Бандунг, промовирајќи ги „Петте принципи на мирен соживот“ и ја оркестрираше посетата на Ричард Никсон на Кина во 1972 година, која фундаментално ја промени динамиката на Студената војна.
Џоу Енлај ги поддржувал прагматичните економски политики и се залагал за „Четирите модернизации“ (земјоделство, индустрија, одбрана и наука/технологија), кои ги поставија темелите за подоцнежните реформи на НР Кина. Џоу Енлај го инспирирал Денг Сјаопинг да ја спроведе политиката „Четири модернизации“.
Џоу Енлај се одликувал со својата принципиелна работна етика, дипломатија и високи стандарди на самодисциплина, што му ја донело почитта и љубовта на кинескиот народ. Џоу Енлај и неговата сопруга немале свои деца, но ги посвоиле и одгледале децата на паднатите другари, од кои еден бил Ли Пенг, чиј татко, комунистички писател, бил погубен од Куоминтан на Ченг Кај-шек во 1931 година. Џоу Енлај бил широко перцепиран од јавноста како неуморен, несебичен државен службеник. Неговата смрт во 1976 година предизвикала масовно, емотивно јавно излевање на тага кај кинескиот народ. Умирајќи, тој побарал неговата погребна церемонија да се одржи во Тајванската сала на Националниот народен конгрес, а неговата пепел, по кремацијата, да се расфрла по полињата, планините и реките на неговата сакана Кина и водите на Тајванскиот теснец. Џоу Енлај починал на 8 јануари 1976 година. Неговата дипломатска филозофија го нагласуваше мирот, меѓусебното почитување на суверенитетот и наоѓањето заедничка основа за долгорочните интереси на НР Кина.
Автор - Тодоровски Дарко
Досега „непосредниот прекин на огнот“ изгледа вака:
1) Израел денес го изврши најжестокиот воздушен напад врз Либан и тврди дека нема прекин на огнот на либанскиот фронт, и покрај изјавата на пакистанскиот премиер во која експлицитно се наведува дека Либан е вклучен во прекинот на огнот. Повеќе од 200 убиени во Бејру4 и другите градови.
Трамп тврди дека прекинот на огнот не се однесува на Либан и Хезболах.
2) Иранска рафинерија за нафта на островот Лаван беше нападната, веројатно од борбени авиони на ОАЕ.
3) Иран започна моќни одмазднички ракетни напади против земјите што им обезбедуваат бази на САД, итн. Кувајт известува дека три електрани и постројки за десалинизација претрпеа значителна материјална штета. Во Саудиска Арабија, погоден е нафтоводот Исток-Запад, кој Саудиска Арабија го користеше за транспорт на дел од својата нафта за извоз, заобиколувајќи го Ормускиот теснец.
4) Иран одржува строга контрола врз Ормускиот теснец. Преминувањето е дозволено само со претходна дозвола, преку посебна рута по иранскиот брег. Натоварените танкери ќе бидат обврзани да платат 1 долар за барел нафта во криптовалута. Сите танкери денес повторно беа предупредени дека ќе бидат уништени ако се обидат да транзитираат без дозвола.