Одбрана и Безбедност
590 subscribers
3.06K photos
1.29K videos
4 files
117 links
Телеграм канал специјализиран за воена аналитика, анализи на воени конфликти, новости во сферата на воената наука, вооружувањето и војувањето, како и во борбата против тероризмот.
Download Telegram
🇺🇳ОН го поздравува режимот со нулта царина на НР Кина 🇨🇳 за Африка

Безцаринскиот режим што го објави НР Кина за 53 африкански земји ќе стапи на сила на 1 мај. Понатаму, Пекинг ќе продолжи да преговара за економски партнерства и да го проширува пристапот за африканскиот извоз на кинескиот пазар преку модернизација и поедноставување на процедурите.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ја пофали политиката на нулта царина на НР Кина за Африка и ги повика сите развиени земји да го следат примерот.
На маргините на 39-от самит на Африканската унија во Адис Абеба, главниот град на Етиопија, шефот на ОН го изрази своето силно противење на неодамнешните повеќекратни зголемувања на царините од страна на САД. Тој нагласи дека слободната трговија со стоки е од суштинско значење за африканските земји.
„Африка, со оглед на нејзините огромни економски тешкотии, не може да биде казнета со рестриктивни трговски политики и царини што ги спречуваат африканските производи да бидат конкурентни“, истакна Антонио Гутереш.
Американски Axios, цитирајќи американски извор:

Трамп и Нетанјаху се согласија да го зголемат економскиот притисок врз Иран, фокусирајќи се на продажбата на иранска нафта во Кина. Економската блокада ќе се заостри со помош на поморска блокада.
Истовремено се зголемува и воениот притисок , и продолжува зголемувањето на американските сили на Блискиот Исток.
Трамп ги прашал своите советници Виткоф и Кушнер какви се шансите за постигнување договор со Иран. Тие му рекоа дека историјата покажува дека е тешко, речиси невозможно, да се постигне добар договор со Иран. „Ќе продолжиме да преговараме и да заземаме цврст став. Ако се согласат со она што го бараме, ќе ви дадеме опција, а вие одлучете“, му одговориле двајцата на Трамп.

Ситуацијата околу Иран многу потсетува на Венецуела...
Моментален број на американски сили и средства на Блискиот Исток што би можеле да бидат распоредени на иранскиот театар на операции.

Откако втората ударна група на носачи на авиони ќе го премине Атлантикот, до 33% од сите американски активни поморски сили, со над 600 крстосувачки ракети „Томахавк“, ќе бидат концентрирани во регионот.

Составено од Иан Елис. Распоредот на силите е заклучно до 15 февруари.
🔥2
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Хуманоидни роботи им помагаат на купувачите да се снајдат во трговските центри во Шангај пред празникот на пролетта, односно Кинеската Нова Година. Роботите ги поздравуваат посетителите, ги насочуваат до соодветните оддели, нарачуваат производи и ги придружуваат до касите, а воедно им кажуваат за специјални понуди и попусти.
👏1
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
За време на посетата на турскиот министер за одбрана на седиштето на Турската воздухопловна индустрија (TAI, TUSAŞ) во Анкара, беа изложени уште два завршени прототипови на турскиот борбен авион од 5-тата генерација Кaan (TF-X). Првиот прототип на Кaan (исто така прикажан во видеото, во сива боја) го заврши својот прв лет на 21 февруари 2024 година. Претходно беше објавено дека четири прототипови за лет на Кaan – првиот и три таканаречени Блок 0 – се планирани за првата фаза од развојот на авионот.
Проектот се соочува со сериозни потешкотии, како резултат на тоа што голем број клучни елементи и делови на авионот се странски, почнувајќи од моторите, па се до електрониката.
👍1
Француско-германско-шпанскиот проект за борбени авиони од шеста генерација FCAS може да биде откажан

Заедничката програма „Иден борбен воздушен систем“ (FCAS), која Франција, Германија и Шпанија ја развиваат од 2017 година, е на работ на колапс. Според европски извори, веројатноста за официјално објавување на прекинувањето на проектот сега е поголема од неговото рестартирање.
„FCAS е мртов, сите го знаат тоа, но никој не сака да го каже гласно“, рече еден француски парламентарец кој работи во сферата на одбраната. Извори блиски до Елисејската палата, исто така, признаваат дека неуспехот е поверојатен отколку опстанокот на програмата.
FCAS беше замислен како водечки играч на европската одбранбена соработка, со создавање на борбен авион од шеста генерација (Next Generation Fighter), беспилотни летала и унифициран „борбен систем“. За Емануел Макрон, тоа е личен проект, кој го започна со Ангела Меркел. Сепак, веќе речиси една година, програмата е ефикасно парализирана од индустриски спорови помеѓу Франција и Германија.
Клучниот конфликт избувна меѓу Дасо и Ербас околу прашања за лидерство, распределба на работата и контрола на развојот. Рокот за решавање на разликите беше одреден за 17 декември минатата година и, како што можеме да видиме, беше пропуштен без резултат.
Во оваа позадина, Берлин разгледува алтернативни сценарија. Според изворите, канцеларот Фридрих Мерц разговарал за опции кои се движат од поделба на проектот на два национални ловци до целосно повлекување на Германија од програмата. Берлин, исто така, наводно ја истражува можноста за приклучување кон конкурентскиот проект GCAP (Велика Британија, Италија, Јапонија). Според печатот, италијанската страна не ја исклучува оваа опција.
По извештаите за можно приближување на Германија кон GCAP, Макрон испрати писмо до Мерц барајќи разјаснување на неговиот став за FCAS. Се очекува темата да биде покрената на маргините на претстојниот самит на ЕУ.1
Во исто време, Берлин нагласува дека дури и ако „екипираниот“ дел од проектот пропадне, Германија е заинтересирана за зачувување на другите заеднички елементи - првенствено „борбениот облак (различни воздушни системи)“ и другите поврзани системи.
Американските воздухопловни сили започнаа со големо распоредување на борбени авиони F-35A Lightning II од петта генерација од Лејкенхит, Велика Британија, на Блискиот Исток, веројатно до воздухопловната база Мувафак Салти во Јордан.
На 16 февруари 2026 година, група од 18 F-35A (повици VALKYRIE и GREEN) беше поддржана од значаен воздушен превоз од седум или девет танкери KC-135, кои веројатно носеа персонал или потребна опрема за распоредување.
Распоредените авиони од 48-то борбено крило ќе ги надополнат единиците на Националната гарда на Вермонт кои веќе се во Јордан, зајакнувајќи ја силата таму.
Со ова дополнување, воздухопловната база Мувафак Салти станува моќна воздухопловна сила за Централната команда на САД.
🔥1
Деновиве дополнително 18 ловци F-35A, 12 ловци F-22 и 36 ловци F-16 на американските воздухопловни сили се распоредуваат на Блискиот Исток, придружени од бројни авиони летачки танкери KC-135 Stratotanker и KC-46 Pegasus.
Таквото радикално зголемување на воздушните ударни сили во регионот, заедно со распоредувањето на дополнителна ударна группа предводена од носачот на авиони Ford, ја право воената операција на САД против Иран повеќе од веројатна.
Последниот пат кога ловците F-22 беа распоредени на Блискиот Исток беше непосредно пред операцијата „Полноќен чекан“, кога американските воздухопловни сили нападнаа ирански нуклеарни постројки во јуни 2025 година.
🔥1
Преговори кои водат кон војна?

Мојот општ впечаток во врска со преговорите меѓу САД и Иран е дека се работи за празни преговори и купување на време. Дури и изјавите на двете страни за „напредок“, „конструктивен дух“, „постигнување заедничко разбирање за барањата на другата страна што ќе доведе до идни преговори“ и така натаму, се читаат како класичен „договор за продолжување на преговорите“. Истото се случи и за време на разговорите во пролетта 2025 година, а потоа следеше Дванаесетдневната војна.
Американскиот потпретседател Венс беше малку поотворен вчера, опишувајќи ги преговорите како напредок едноставно затоа што тие продолжуваат, а истовремено тврдеше дека Иран ги игнорира клучните барања на САД.
Иако некои предлози може да се дискутираат на разговорите, според мене, клучната поента е дека САД се надеваат дека Иран ќе „трепне“ пред растечката воена закана од САД. Иран, пак, сака да им покаже на САД дека е подготвен да издржи удар и да го вовлече својот противник во голема, долготрајна војна, надевајќи се дека САД ќе „трепнат“ со тоа што ќе се согласат на договор што му одговара на Иран. А преговарачкиот пат може да овозможи брзи резултати. Ако никој не трепне, тогаш двете страни барем можат да им кажат на сите медијатори дека се обиделе да постигнат договор. Повеќе од јасно е дека Иран нема да го прифати ултиматумот на САД и Израел, а САД и Израел нема да ги прифатат барањата на Иран. Затоа, двете страни интензивно се подготвуваат за војна. САД интензивно распоредуваат додатно вооружување, Иран спроведува воени вежби. Плус во последно време Иран доби ограничен контингент на воена опрема од Русија, Белорусија и НР Кина, како резултат на претходни договори.
🔥2🙏1
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
🇨🇳 Си Џинпинг изврши инспекција на борбената готовност на Народноослободителната армија на Кина пред Пролетниот фестивал

Пред Кинеската Нова Година, кинескиот претседател Си Џинпинг ја прегледа борбената готовност и извршувањето на мисиите на единиците на Народноослободителната армија преку видеоконференција.
Од зградата Баји во Пекинг, тој слушна извештаи за моменталната состојба на борбената готовност и упати честитки до војниците на Народноослободителната армија.
Објавените материјали особено ги истакнуваат снимките од модерното кинеско оружје:
· Ракетни системи на Ракетните сили, вклучувајќи го и DF-100;
· Беспилотни летала CH-4;
· Десантен брод тип 075 на морнарицата „Анхуи“.
Официјалната потврда за преоружувањето на 5-та воздухопловна бригада (Гуилин) ​​со ловци Ј-20А беше особено интересна. Најмалку десет авиони од овој тип се видливи во позадина, што укажува на проширување на сериската опрема на борбените единици со модернизирана верзија на ловецот од петта генерација.
👍2
Ниедна модерна војна во последните 50 години не ја променила воената наука и употребата на оружје толку брзо како конфликтот во Украина. Пред четири години, обичната артилерија беше бог на војната и истата обезбедуваше поразување на непријателот на длабочина до 20 км, сега, дометот на гаѓање на топовска артилерија од 152 калибар е недоволен за справување дури и со најважните цели на полето на битката. Беспилотните летала денес создадоа мртва зона од 40 километри во двата правци од линијата на фронтот. Појавата и брзиот развој на разни видови на беспилотни летала, ФПВ дронови, диктираат услови под кои топовите, хаубиците па дури и ракетната артилерија, денес мора да се борат со цели на домет од 40+ километри. Интересно е дека гранатата треба да лета на оваа далечина, туку и прецизно да ја погоди целта. Ова бара не само средства за воздушно извидување, туку и нова муниција и нови системи за контрола на огнот.
Артилериската граната од релативно евтино оружје стана многу скапо (некои паметни гранати со дострел 40+ км достигнуваат цени и од 80 000 + долари), а да не зборуваме за цената на самиот артилериски систем - повеќе од 5 милиони долари.
Беспилотните летала, од една страна, ја направија војната евтина (дури и обични воени групи и движења можат масовно да произведуваат ефтини дронови), додека од друга страна, драматично ги зголемија трошоците за воен конфликт за армиите на развиените земји, токму поради нивното масовно производство и способност да уништуваат скапа опрема и човечка сила на далечина и со прецизност. Таков е парадоксот: сега, за да се борите, не ви требаат само многу пари, туку бесконечна количина пари и индустрија која може масовно и без прекин да произведува воена техника и опрема.
Денес сведоци сме на војна на економии, војна на индустрии и научен и технолошки потенцијал. Со оглед на брзината на развој и воведување на ново оружје, станува јасно дека не повеќе од дваесет земји во светот можат да одржуваат полноправна армија од 21 век, со целата палета на оружје и воена опрема.
Најновите распоредувања на американските воздухопловни сили на Блискиот Исток во текот на изминатите 48 часа:
48 авиони Ф-16
12 авиони Ф-22
18 авиони Ф-35
6 авиони Е-3Г Сентри со систем за рано предупредување и контрола на воздушни напади (AWACS)
Околу 40 авиони летачки танкери
Најмалку еден авион за стратешко извидување RC-135V Rivet Joint
Еден авион У-2 Dragon Lady за стратешко изведување.
Плус Американскиот носач на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ го активираше својот систем за идентификација додека се приближува кон Гибралтар. Ударната група наскоро ќе влезе во Средоземното Море и ќе стигне до брегот на Иран до 22 февруари.
Мислам дека сликата е јасна. Преговорите на САД со Иран се приближуваат кон логичен заклучок. Судејќи според се, на 90% Трамп и неговата администрација избрале воена операција против Иран.
1
🛰Екипажот на кинеската вселенска станица Шенжоу-21 им ја честиташе на своите сонародници Кинеската Нова Година и Пролетниот фестивал.

Денес во вселената владее радосно расположение - астронаутите од мисијата Шенжоу-21 ја слават Кинеската Нова Година заедно со остатокот од земјата.
Џанг Лу, Ву Феи и Џанг Хонгџанг ја украсија вселенската станица Тјангонг со традиционални црвени украси, поставија новогодишна трпеза со специјално мени донесено од Земјата и снимија празнична видео порака посакувајќи им на своите сограѓани среќа и добро здравје.
„Гледајќи низ прозорецот во трепкачките светла на нашата татковина далеку долу, истата ми недостига, но сум исполнет со гордост и слава. Ви посакувам мир и се најдобро за Пролетниот фестивал!“, рече Џанг Лу.
„Во Годината на Коњот, да продолжиме да ги следиме нашите соништа и да работиме за среќа со решителност на коњ што галопира. Им посакувам на сите што трчаат кон своите соништа безбедност, просперитет и континуиран успех!“, рече Ву Феи.
„На нашата земја и посакуваме просперитет во науката и технологијата, а на нашиот народ добро здравје. Нека секој труд биде награден!“, посака Жанг Хонгџанг.
1
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
НР Кина го испорача првиот дрон за извидување и напад Wuzhen-10B на воздухопловните сили на Саудиска Арабија.
1👍1
Трамп не е подготвен за долготрајна војна со Иран
Трамп и Републиканската партија веројатно нема да сакаат долготрајна копнена војна против Иран пред среднорочните конгресни избори есента. Според тоа, военото планирање на Пентагон за операција против Иран веројатно ќе се базира на постигнување на одлучувачки резултат во рок од најмногу неколку недели, исклучително со користење на воздушна и поморска компонента.
САД продолжуваат да ги концентрираат своите воздушни и ударни сили околу Иран, а Иран спроведува разни вежби и вежби за гаѓање во стрелба како подготовка за можна американска агресија.
Сето ова се случува во позадина на тековните преговори меѓу САД и Иран.
Важно е да се разбере дека самиот факт на преговорите не одлучува ништо, ставовите на двете страни се дијаметрално спротивни и практично е невозможно да се договорат. САД едноставно го држат дипломатскиот канал отворен додека американските сили се распоредуваат во регионот за на крајот да испратат ултиматум до Иран во врска со прекин на нуклеарната програма, драстичното ограничување на неговата ракетна програма, прекинувањето на поддршката за иранските сојузници и така натаму.
Ќе биде интересно да се види до кој степен Иран може да им ја покаже на САД својата подготвеност за целосна, долготрајна војна како одговор на американските чекори.
Перспективата за заедничка воена операција на САД и Израел против Иран останува во првите редови на глобалните вести. Како резултат на тоа, сведоци сме на силна нестабилност на цените на златото и нафтата на глобалните пазари. На 19 февруари, тие скокнаа како одговор на зајакнувањето на американските сили во Заливот.
Светот чека да види како ќе се расплетка Гордиевиот јазол на Блискиот Исток. Наскоро следи разврската ...
🔥3
🇨🇳 „War on the rocks“ објави нова, интересна статија на тема радикална промена во стратегијата на Кина во однос на Тајван: наместо да се подготвува за класичен „Ден Д“ и голема амфибиска операција, Пекинг се одлучува за стратегија на парализа преку островски „карантин“.
Имено, неодамнешните вежби од декември 2025 година покажаа интересна динамика, каде што над 100 авиони и десетици бродови не само што симулираа напад, туку методично ја избришаа средната линија на теснецот.
Клучен индикатор беше учеството на бродови на крајбрежната стража, рибарски бродови и употребата на евтина ракетна артилерија од покраината Фуџијан наместо скапи балистички ракети. Ова покажа дека Кина е способна да ги таргетира клучните пристаништа како Каосиунг без да започне целосна војна, туку да дејствува како дел од „полициска операција“.
Главната стратегија на Пекинг се базира на искористување на законска сива зона. Со прогласување условен „карантин“ за проверка на бродовите за шверц, Кина ги става САД и нивните сојузници во неволја. Ако американски разорувач се обиде да спречи кинески царински брод да провери товарен брод, Вашингтон формално ќе стане агресор, отворајќи оган или попречувајќи го „спроведувањето на законот“. Целта на оваа тактика не е физичко уништување на Тајван, туку негово економско задушување преку пазарот на осигурување. Штом ризиците во теснецот станат непредвидливи, премиите за осигурување ќе се зголемат, а приватните превозници ќе ги напуштат своите рути, парализирајќи ја логистиката на островот без да испукаат ниту едно торпедо. Дополнителната техничка Ахилова пета на Тајван е неговата енергетска зависност. Островот увезува 98% од својата енергија, со критична зависност од течен природен гас (LNG), чии резерви траат во просек 11 дена. За разлика од јагленот, LNG не може да се складира со месеци поради испарување. Затоа, Пекинг не треба да потонува бродови; "карантин" од една недела е доволно за да предизвика проблеми со мрежата, да ги затвори фабриките за микрочипови и да предизвика политичка криза на Тајван.
👍1
Зошто САД ги распоредуваат своите ударни сили во Јордан?

САД ги распоредуваат своите ударни воздушни сили во Јордан, а не во Катар, ОАЕ или Саудиска Арабија, бидејќи Јордан е далеку од Иран, и Иран не може да ги нападне со балистички ракети со краток дострел, кои што Иран ги има во најголем број.
За да ја нападне воздухопловната база „Мувафак Салти“, во која моментално се сместени поголемиот дел од американските борбени авиони (F-22, F-35, F-16, F-15, EA-18 Growler итн.), Иран ќе треба да ги користи своите балистички ракети со голем дострел. Огромното мнозинство балистички ракети на Иран се со краток дострел, способни да ги погодат американските бази во земји како Катар и ОАЕ, но не се способни да стигнат до Јордан. Иран потроши голем број балистички ракети со долг дострел во војната против Израел во јуни 2025. Иако Иран го обнови производството на балистички ракети со долг дострел, сепак Иран целосно не го обнови својот ракетен потенцијал.
Балистичките ракети со долг дострел и скапа играчка, и Иран располага со ограничен број, и судејќи според доктрината на Иран, тој ќе ги користи тие ракети за напади против Израел. Користењето на овие ракети за да се нападнат американските сили во Јордан наместо Израел би можело да се сфати од Иран како непотребно губење на ресурси, особено со оглед на големиот број средства за ракетна и ПВО одбрана распоредени во близина на воздухопловната база. Плус иранските ракети немаат 100% точност, што е исто минус при нападот на воен аеродром.
Ова е исто така главната причина зошто САД ќе го користи Јордан како своја примарна зона за напад на Иран. Не е тоа што Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар одбиваат да го дадат својот воздушен простор на САД. САД заедно со Израел ќе го нападнат Иран од воздух од неколку правци, главен ќе биде правецот од Јордан, плус од страна на Арабското море од носачите на авиони. На тој начин ќе се дезорганизира ПВО одбраната на Иран, која веќе е десеткувана после Дванаесетдневната војна. Иран не ги обнови клучните стационарни радари со долг дострел, како и ПВО системите со долг дострел.
Поентата е дека САД одлучија дека е попогодно да останат надвор од дострелот на поголемиот дел од ракетниот арсенал на Иран.
🔥1
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Видео од заедничките иранско-руски поморски вежби во Оманскиот Залив. Видеото ја прикажува корветата од Проектот 20380 „Стоикиј“ на руската Балтичка флота, лесната фрегата „Воспер Мк.5“ „Алванд“ на иранската морнарица и „Шахид Сајад Ширази“, ракетен катамаран (корвета) од класата „Шахид Солејмани“ на иранската морнарица на Корпусот на стражари на исламската револуција (КСИР). Присутни се и припадници на специјалните сили од морнарицата на КСИР, иранската армија и руската морнарица.
👍2🔥1
This media is not supported in your browser
VIEW IN TELEGRAM
Доналд Трамп му даде 10 дена на Иран

„Сега е време Иран да ни се придружи на пат што ќе го заврши она што го правиме. Ако ни се придружат, тоа би било прекрасно. Ако не ни се придружат, тоа исто така би било прекрасно, но тоа би бил многу поинаков пат. Тие не можат да продолжат да ја загрозуваат стабилноста на целиот регион.“

ВО СЛЕДНИТЕ 10 ДЕНА ЌЕ ЗНАЕМЕ ДАЛИ МОЖЕМЕ ДА СКЛУЧИМЕ ДОГОВОР СО ИРАН ИЛИ НЕ.

ТИЕ НЕ МОЖАТ ДА ИМААТ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ.
🤯1